Забава

Ина Многуфина „пpовали“ една наша фирма: Не ви е cрам нешто што можеме да купиме за 100 денари да го шиткате по 1500?

Со својот специфичен хумор и оригинални коментари, Ина МногуФина многу често ги коментира случувањата во нашата земја, а овие нејзините споделувања

Ина во 2020 година ја прокоментира и модната дизајнерка Елена Лука. Таа се најде на мета на критики, откако на нејзината официјална страница се појави модна маска за лице, која се продава по цена од 599 денари.

Многумина коментираа дека во време кога светот е во п аника поради вирусот, дизјанерските маски се последното нешто на кое што треба да се мисли и од кое што треба да се заработува.

На ова не остана имуна Ина Многуфина, која не пропушти прилично жестоко да ја искоментира Лука:

,,Земала снимила видео да демантира дека била у Италија и оди низ двор за да и се види куќата од надвор демек луксузиве и џипот и све…џабе ти се и куќа и џип и сите пари на светот, сељандуро мизерна што сакаше од маски да профитираш. Парите не можат мозок да ти купат, Бруко!”

Ина Многуфина, низ годините наназад, прилично добро успева да го скрие својот вистински идентитет. Во една прилика ја искоментира и песната на Анастасија Ражнатовиќ, но не остана имуна ни за свадбата на синот на Цеца, Вељко.

Младата српска музичка ѕвезда и ќерка на фолк пејачката Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, ја сними песната ,,Хероина” пред неколку години.

Кога песната беше многу актуелна можеше да се слушнат гласини дека протече дел од песната, а Анастасија не сакаше публиката да ја слушне недовршената верзија, па реши да ја објави со „лирикс“ видео.

„Од досега необјаснети околности, недовршената верзија на песната „Хероина“ која требаше да се појави на мојот прв албум излезе во етерот пред да сакам да ја претставам на публиката“ напиша на Инстаграм.

Ина МногуФина на социјалните мрежи ја прокоментира новата песна на Ражнатовиќ, па напиша ,,Ја ислушав песната на Анастасија. Aркан не е жив дефинитивно.”

Oва беа неколку од појаките коментари на Ина Многуфина, вклучително и многу други кои ги одбележаа случувањата во последните неколку години.

Има многу следбеници на социјалните мрежи, таа е луцидна, а нејзиниот сарказам привлекува многу следбеници, кои со нетрпение очекуваат кој јавен ќе се најде на дневното мени на Многуфина.

Во една прилика, таа ја прокоментира пејачката Елена Ристеска.

Ристеска прослави 100 000 следбеници на „Инстаграм“, а по тој повод нејзините пријатели и приредија специјално изненадување во еден скопски ресторан, каде масата беше декорирана со балони кои ја симболизираат бројката на нејзините фанови.

„Она кога имаш среќа и подарок од Господ да имаш совршени другари и блиски луѓе. Кои наоѓаат повод да те направат најсреќна на свет и да те изненадат.

Во случајов по повод 101.000 следбеници успејаа да не ги “провалам” дека нешто подготвувале.. #малитеработи го прават животот убав’ напиша Елена на социјалните мрежи.

По тој повод, Ина МногуФина се огласи, па на својот Фејсбук и напиша:

„Дали озбилно Елена славела 100 000 следачи во ресторан уште изјави дека била изненадена не знаела шо и спремаат?

Па праење прослава за следачи е подебилно и од пола роденден со пола торта!“

Ина сега „провали“ една фирма за накит која вели дека продава уникатни парчиња на попуст за 1.000 денари, а всушност истите се продаваат на мрежата на Али експрес за цена од 100 до 200 денари.

-Не ви е срам нешто што можеме да купиме за 100 денари да шиткате по 1500 па на промотивен попуст по 1000 денари?

Па уште и финтите со 9 што завршуваат ко врвот на продажбата во 90тите. Но тоа не е се, пази, уникатен накит. Што е уникатно ако го има на Али Експрес за 1.82 долари?



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.