МакедонијаТОП

ИНА: Ахмети ќе се откаже од Албанец-премиер, ако Заев не биде мандатар

Македонија

Заболени
17,629
+146
Мртви
725
+3
Излечени
14,581
Активни
2,323
Last updated: 27/09/2020 - 22:56 (+02:00)

ДУИ би можела да се повлече од барањето за Албанец-премиер, ако СДСМ предложи друг мандатар наместо партискиот лидер Зоран Заев, објави ИНА.Според агенцијата на албански јазик, ова прашање е на преговарачката маса, но прашање е колку Заев би се откажал од мандатот како победник на изборите.

„Ова е еден од претставените предлози, бидејќи целта е да се оди со владин кабинет без багаж и без биографии вмешани во прислушувања и скандали кои беа дел од политичките судири во изминатиот период, како што бара меѓународната заедница“, објави агенцијата повикувајќи се на партиски извори.

Откако денеска беа фотографирани генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски и шефот на кабинет на Али Ахмети, Артан Груби, од двете партии порачаа дека имале конструктивна дискусија за потврда на заложбите за мир, стабилност, безбедност, здрави меѓуетнички, економски развој и правна држава, но во заедничкото соопштение никаде не беше споменато барањето за Албанец-премиер.

loading...

Поврзани вести

Back to top button

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker