Свет

Имало македонски платеници во Украина, убиени се 21, тврдат Русите

Дваесет и еден платеник од Македонија е убиен од почетокот на „специјалната воена операција“ во Украина, покажуваат податоците од Министерството за одбрана на Русија објавени на редовниот брифинг со новинарите утрово.

Од 24 февруари, кога почнаа нападите од Русија, во Украина се регистрирани 79 наемници од Македонија, од кои 19 во меѓувреме ја напуштиле земјата, а во моментов има уште 39, покажува деталната табела по држави објавена од Министерството.

 

Според неа, во досегашните речиси четири месеци во Украина дошле за да војуваат 6.956 платеници од странство, од кои животот го загубиле 1956, заминале 1.779, а останале 3.221.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.