Македонија

Илија Димовски со совети до пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Халкидики се иде лето у зима ѕемне дупет*

Илија Димовски на фејсбук се обрати до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ:

Неколку совети до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и сите опозициони пратеници:

1️⃣ Наместо интерпелација на еден министер, добро е да има интерпелација на целата Влада…
– за првата не се знае кога ќе дојде на дневен ред, за втората мора во рок од три дена;
– со развлекувањето на Талат, за интерпелација на министер опозицијата ќе треба да чека најмалку 45 дена (за Роберт Алаѓозовски сеуште не дојде на ред, а од тогаш се сменија уште тројца министри);
– ќе се види дали сите 62 пратеници (и од малите партии) од коалицијата на СДСМ ги поддржуваат погубните антидржавни и антинационални политики;
– расправата ќе привлече големо внимание кај јавноста, она што недостасува на овој парламентарен состав;
– штом не прифаќаат лидерска средба, интерпелацијата ќе е лидерска на јавна сцена на очиглед на целата јавност (уште подобро);
– ќе може да се расправа (наместо само за ЕУ) и за националните катастрофи, здравството, немањето образование, катастрофата во земјоделието, исчезнување на езерата, економската катастрофа, стотици тендери и афери, марихуанската војна низ државата,…
– ако не успее ќе може да се повтори за 100 дена (пола од времето што секако ќе се чека за првата интерпелација на Димитров);

2️⃣ Законот за државјанство превентивно да се блокира со значаен број на амандмани, додека има време, што за овој закон е возможно бидејќи не е со европско знаме…

3️⃣ За Законот за попис недостасува и потребна е посилна борба и презентирање на аргументите кои се целосно на страна на опозицијата…
– Законот не е по европски стандарди;
– опозицијата мора да има став што ако се донесе овој закон без компромис на сите релевантни политички субјекти;

4️⃣ Обидот за тргање на историјата од наставната програма во основното образование може да се спречи со поднесување на Закон за измени и дополни на законот за основно образование…
– да се одземе надлежноста на министерот и Министерството да има каква и да е улога во утврдување на наставните програм и тоа да се даде на државна независна стручна институција;
– да се фиксираат одредени предмети (историја, математика, македонски, физичко,…) како фиксни и задолжителни;
– да се даде овој закон на поддршка и на малите партии (ДС, ДОМ, ЛДП, НП, ДПТ,…) кои се во коалиција со СДСМ и да се бара јавно став;

5️⃣ Опозицијата да креира решенија за илјадниците проблеми што ги имаат граѓаните и да ги иницира во Собрание…
– рудниците во Струмичко;
– откупот на земјоделските производи;
– неправдите во судството;
– зголемениот број на нови невработени;
– предлози за намалување на даноци и давачки;

6️⃣ Да се предложи јасна, кратка и цврста државна резолуција со ставови и заклучоци за нашето чекорење кон ЕУ со целосна заштита на националните позиции за Македонија, македонскиот народ и јазик.

П.С. На толку мало мнозинство динамиката на работа во Собрание мора да зависи од опозицијата, а не од Претседателот на Собранието.
П.П.С. Не е страшно и дел од овие предлози да не успеат, но добро е да се користат сите институционални можности.
П.П.П.С. Секој ден на власт на оваа старо-нова Влада на СДСМ е на штета на државата и сите граѓани.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.