Македонија

Игор Југ се криел во стан во близина на полициската станица во Куманово

Игор Југ се криел во стан во близина на полициската станица во Куманово

Игор Југ, еден од осомничените за насилството во Собранието на 27 април годинава, бил уапсен во стан во центарот на Куманово во непосредна близина на полициската станица. Според неофицијални информации, Југ во станот, најверојатно, се криел изминативе две недели. По дознавањето на локацијата на засолништето, полицијата почнала да го набљудува местото, по што бил уапсен утринава. Неофицијално, Југ не давал отпор кога во станот влегле полицајците од СВР Куманово. Од кумановската полиција не откриваат детали чиј е станот во кој се крил бегалецот.

Уапсениот бил префрлен во кумановската полициска станица, по што треба да биде однесен во скопското Јавно обвинителство. Полицијата речиси пет месеци го бараше осомничениот за насилство за време на крвавиот четврток. Во мај годинава му беше одреден притвор.

МВР соопшти дека 47-годишниот Игор Југ од Куманово е приведен поради основано сомневање за сторено кривично дело учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејство казниво по чл. 384, ст.1 од КЗ. „За истото лице постои централен распис од СВР Скопје – оддел за насилен криминал за основано сомневање за сторено кривично дело учество во толпа што ќе изврши кривично дело казниво по чл. 385 од КЗ, како и локален распис од СВР Скопје – НККР Бит-пазар за основано сомневање за разбојништво казниво по чл. 237 од КЗ.

 



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.