Македонија

И новите министри на ДУИ го признаваат само Ахмети за шеф, а Заев не го признаваат

И новите министри на ДУИ го признаваат само Ахмети за шеф

Министерот за евроинтеграција, Бујар Османи, избегна да одговори дали во новата влада негов шеф е Зоран Заев, или и натаму тој и другите министри од оваа партија ќе даваат отчет пред Али Ахмети. Запрашан во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма дали Заев му е шеф, Османи одговори дека „тој е премиер и  координатор на министрите во владата,а негов партиски шеф е Али Ахмети, лидерот на ДУИ“. На забелешката дека прашањето не се однесува на партиската хиерархија туку на владината, Османи даде уште еден заобиколен одговор, изјавувајќи дека тој  самиот е шеф во Секретаријатот за европски прашања, а како министер е дел од тимот.

Новитет, сепак, беше ставот на Османи во однос на преговорите за договорот за пријателство и соработка со Бугарија.

„Не гледам ништо спорно, рече Османи, во заедничката историја на Македонија и Бугарија“, објаснувајќи дека како портпарол на ДУИ не се мешал во ова прашање и зборувал главно во интерес на Албанците, но како министер има обврска да ги застапува и интересите на граѓаните во Струмица.

Тој посетата на Бугарија, како дел од делегацијата предводена од премиерот Зоран Заев во понеделник, ја оцени како историски момент, бидејќи целта е да се адресираат сите отворени прашања и да се испорачаат брзо резултати.

„Ќе го затвориме отвореното прашање со Бугарија, ќе го затвориме Рамковниот договорот околу употребата на албанскиот јазик и ќе остане само спорот за името со Грција“, најави оптимистички Османи.

Неофицијално се навестува дека е можно веќе во текот на оваа посета да дојде до потпишувањето на спорниот договор со Бугарија, ако се испеглаат овие денови деталјите.Спорни во договорот беа именувањето на јазикот, реципроцитетот за правата на малцинствата, заедничкото славење на историјата и бугарското барање за одбележување на спомениците во Македонија.



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.