Занимливости

И МИТЕ СЕ БОЦНА СО КИНЕЗ!

Се вакцинира градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев (фото-видео)

Првата доза на кинеската вакцина „Синофарм“ денеска ја прими и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Тој се вакцинираше на пунктот за масовна имунизација, во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци,  кој од вторникот работи континуирано.

Јанчев по вакцинирањето за КТВ изјави дека се чувствува одлично и апелираше до сите граѓани да се пријават на vakcinacija.mk и да се вакцинираат, бидејќи тоа е единствениот начин за заштита од ковид 19.

 

 

Директорот на кавадаречката болница со проширена дејност, д-р Диме Коцев информира дека досега се вакцинирани 7000 граѓани од регионот.

 

А.Д

 



Македонија

Заболени
155,655
+10
Мртви
5,481
+3
Излечени
149,933
Активни
241
Last updated: 25/06/2021 - 00:26 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.