ЗабаваСекс

И Дани пушти срце и објави фотка од плажа, ама раскажа и необична случка од одмор – Кичмава ми е стара 62 години

Дани Димитровска е една од нашите најубави и најуникатни пејачки. Во една прилика, за Фешнел.мк Дани коментираше за тао дека медиумите често пишуваат написи за тоа како изгледа и дали качила некој килограм повеќе.

-Навикната сум на такви коментари и ги сметам за нормални медиумски моменти, на тие луѓе тоа им е работа, а кога јас ќе почувствувам дека ми треба фитнес, одам во теретана и го средувам тоа што мора.

Не ми се важни туѓите мислења и како што се чувствувам тоа го правам.

Секогаш кога доаѓа лето сум дополнително мотивирана да излезам од дома, баш овој период почнав да трчам на кеј и да одам на фитнес, здраво се хранам и не сум човек што може тоа постојано да го прави преку цела година, објаснува Дани.

-На шопинг одам наменски кога ми треба нешто но, понекогаш знае да излезе од мене тој женски момент да купам било што само колку да потрошам некој денар.

Актуелните трендови ги применувам само доколку одговара на мојот карактер, ако не само поминува покрај мене и толку“, рече таа во истото интервју.

Познато е дека Дани е мајка на Лазар и е во врска со Весел, поранешен кошаркар и сопственик на еден скопски угостителски објект.

– Имам здраво неконвенционално семејство, сочинето од партнер, син, брат, снаа, внуци и родители кои безизмерно ги обожувам. Живеам во мир и среќата ми е избор.

Ниеден од нив не се занимава со јавна професија ниту има желба за себе истакнување. Со години живеам во хармонија со својот партнер во заедништво.

Го почитувам нивното единствено право на интима. Мојот партнер и син ги знаете со име и презиме, но која боја им е омилена, дали сакаат кулинарство, кој број на патики носат или што им е хоби се прашања за кои не се троши медиум кој има за цел да инспирира.

– Партнерството ми е вредност. На кој не му е, а јавноста знае сѐ она што сака да знае. Моите најблиски не ми делат мислења, вистински блиските луѓе не паметуваат. Тие поддржуваат.

Како што кажав погоре, моите најблиски не се расфрлаат со паметувања. Син ми точно го знае значењето на музиката во моето срце. Очите му се смеат на моите остварувања и секогаш е безрезервна поддршка. Возрасен е“, рече Дани во Женски магазин.

-Јас ги почитувам сите слободи на секој човек, вклучувајќи го тука и мојот син. Сум пробувала да инспирирам, никогаш да влијаам, меѓутоа тој со музика нема апсолутно никаква допирна точка, освен тоа што мајка му е музичар и ништо повеќе од тоа.

Сака музика, гитарата ја потсвирнува, меѓутоа никогаш не сакал да нурне длабоко во тој свет, веќе си е во некој свој. Јас тоа го почитувам, функционира супер. На факултет е, во Холандија, и тоа е тоа.

Секогаш коментира, добро сепак е возрасен, за некој месец ќе наполни 21 година, и баш ми е некој вид на гласот на младоста, значи од генерација кои сега влагаат во овој возрасен свет. Коментира скоро секогаш, посебно на Инстаграм знае во инбокс да ми напише:

Мамо, тргни ја сликава!“, рече Дани за својот син во емисијата „магазин“ на Сител.

Дани објави слика од одмор, облечена во летно фустанче на плажа како ужива во прекрасното море со карпи околу неа. Но, таа раскажа и една интересна и необична случка на Инстаграм:

– Времето за разговор помеѓу ветрот и морето е токму ова. Кога му завршува смената на сонцето и си заминува од сцена така галантно и грациозно како вистинска музичка дива која не очекува аплауз, ниту планира бис.

Се одјавува без помпа со неосетно успорено темпо како татко што пробува да ја извлече својата рака од под заспаното бебе. Тогаш и галамата си оди… тогаш се чисти просторот од запоседниците…

Од шарените пешкири и ќесите ѓубре. И тогаш, при чист терен, ветрот господски се приклонува кон морето, радосни за претстојната заедничка долга ноќ. Ветрот со својата снага е ритмичар и басист.

Морето е мелодија. Заедно се непобедливи. Нескротливи. Свесни за заедничката сила и единството. Ех, кога и ние би биле како морето и ветрот…

“Смеам да поседам уште малку?” – прашав. Келнерот кој уживаше во својата прва цигара после работа, ја избриша потта од вратот со маицата на него, зема дим и рече: “Ова е најубавиот саат и за нив и за нас…”

Кичмава што ми е стара 62 год, вратот само што ми наполни 75 и душава со своите 9 години не ми дадоа баш простор и време да извадам закључок од краткиот разговор.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.