БалканМакедонија

Хрватски консултант ќе добие 22,6 милиони евра за македонските автопати човек на Рашкоски бил

Хрватскиот институт ИГХ потпишал договор со Македонија за услугите за стручен надзор и правен совет за изградба на новите автопатишта што се планираат на коридори 8 и 10д, во вкупна вредност од 22,6 милиони евра, соопшти компанијата.

Договорот станал валиден во средата, 3 август, а беше потпишан од загрепскиот Институт IGH, како водечки партнер, во конзорциум со Институтот за патишта и Јавното претпријатие за државни патишта на Република Северна Македонија, пренесува хрватски Индекс.

Работата се однесува на услугите на стручен надзор и правен совет за изградба на споменатите паневропски транспортни коридори во Македонија, кои автопатски ќе го поврзат Гостивар со албанската граница по Струга, како и автопатот Битола – Прилеп.

Консултантот за изградба на коридорите 8 (Делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и 10 Д (Делница на автопатот Прилеп-Битола), треба понатаму да каже колку ќе чинат овие автопати.

Според објавата на веб-страницата на Загрепската берза, вкупната вредност на договорот е 22,6 милиони евра (без ДДВ), додека учеството на Институтот ИГХ е 8,7 милиони евра (без ДДВ).

Времетраењето на договорот е 58 месеци, при што првата фаза опфаќа преговори, проектирање и извршување 46 месеци, а втората фаза е гарантен рок од 12 месеци.

Новите автопатишта во Македонија ќе ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ преку услови овозможени со посебен закон.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.