Hoвинapи блиckи до влacтa посакуваат cmpт за Xpиcтиjaн Mицkockи
Говорот на омраза останува категорија за која јавните обвинители, невладините организации и медиумските перјаници блиски до владејачките структури постои само тогаш кога ќе биде употребуван од опозицијата. До сега, за „говор на омраза“ обвинети и осудени се десетина лица – новинари и граѓани кои пишувале на Фејсбук, иако, најчесто обвиненијата не ги содржат ниту основните елементи на омраза.
Секако, кога омразата ја шират поддржувачите на власта, тогаш тоа е слобода на говор, употреба на метафори и уметничка слобода. Баш онака, како во примерите на Бранко Тричковски кој посакува смрт со атентат на лидерите на опозицијата, или во случајов на новинарот Ерол Ризаов за кој пак Миленко Неделковски вели дека се крие зад Твитер профилот „Дарко Кежман“.
Колку мора да си гнида, чир, говно и да се викаш Ерол Ризаов (алијас Дарко Кежман), па да си некрофил, нечовек и смрдеш па да пишуваш ваква гадост.
Еве му на ОЈО, еве му на обвинителот Брада, допрен глас за ГОВОР НА ОМРАЗА.
Следната нова власт во Македонија овие луѓе (Ризаов, Тричковски и слични) мора да ги прати во лудница, каде остатокот од животот ќе го проведат врзани со лисици за креветот.
Колку мора да си очаен, ископлексиран, беден и со комплекси за да пишуваш вакво нешто?!
Ризаов, алијас. Дарко Кежман на својот Твитер профил му посака смрт на лидерот на опозицијата, кој во моментов се наоѓа на Инфективната клиника каде е хоспитализиран како последица на инфекција со КОВИД-19.
