СветСекс

ХОРОР СО ЈУТУБЕРИ

Нели е фасцинантно колку е хорор-жанрот спремен да оди во чекор со времето? Нас ни правеа „Кристина“, на новиве деца им прават хорор со јутјубери! За и самите да се замислат во опседната куќа под вода, затоа што и самите се сите, нели – јутјубери!

Ќе се вика Deep House, и ќе играат Камил Роу и Џејмс Џегер – двајца јутјубери што толку далеку нуркаат по занимливи видео содржини, што наоѓаат стара куќа што со текот на времето пропаднала под вода. Се разбира дека ќе одлучат да влезат и ќе откријат дека куќата „крие мрачни тајни“, сето тоа забиберено со – снемување кислород.

Трејлерот не кажува многу, само завршува со језиво клипче од двајцата како врескаат во црна темница, обидувајќи се да избегаат од некого (или нешто) што ги брка. Ако ви фалеше комбинација од натприроден хорор и акватички трилер – еве:

„Нуркајќи на оддалечено езеро, двајца јутјубери чија специјалност се подводни истражувања, откриваат куќа во длабочините. Она што почнува како уникатен пронајдок, наскоро се претвора во кошмар кога ќе разберат дека куќата била место за ужасни злосторства. Заробени, со резервите за кислород опасно при крај, Тина и Бен сфаќаат дека најлошото допрва доаѓа: не се сами во куќата.“

Вака звучи доста интересно.

Ќе го прават Џулијан Мори и Александар Бустило, најпознати по Inside, Livid и Leatherface. Француската манекенка Камил Роу ја глуми Тина, а Бен е синот на Мик Џегер и Џери Хол, кој најскоро се има појавено во Outpost.

Страшничко е:



Македонија

Заболени
156,017
Мртви
5,489
Излечени
150,263
Активни
265
Last updated: 24/07/2021 - 08:41 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.