МакедонијаТОП

Хаос во ДПМНЕ Кр.Паланка: Двајца осомничени за криминал кандидати за први луѓе?!

ДоказМ, од извори во Општинскиот Комитет на владејачката партија во Крива Паланка дознава дека по смената на Борче Стојчевски од местото прв човек на огранокот и неколку месечното тактизирање и лобирање од одредени групи на локално ниво, во игра останале двајца кандидати за местото претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кр.Паланка.

Александар Рангелов, актуелен директор на Центарот за култура во Крива Паланка, кон кого МВР во април годинава поднесе кривична пријава за постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, продолжено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“ е еден од двајцата кандидати кои останале во тесна трка за избор на прв човек на Вмро-Дпмне во Крива Паланка.

Рангелов стана познат во јавноста и по излегувањето на повеќето фактури од ресторани, кафеани, такси превоз, кои укажуваа на начинот како ги трошел парите на институцијата со која раководи веќе подолг период.

Покрај него, како кандидат за прв локален вмровец е и директорот на ЈП Комуналец од Крива Паланка, кој исто така неодамна заработи кривична пријава од опозициската СДСМ. Според нив, тој недомакински управувал со парите на комуналното претпријатие и со нив водел луксузен живот, си купувал пегли за коса, душеци, фен, плаќал огромни сметки по ресторани ширум Македонија и Европа.

Исто така од извори од внатре во Општинскиот Комитет, дознаваме дека за време на прославувањето на Комитската вечер, истата ноќ биле повикани на разговор кај Груевски, овие двајца и уште неколку локални партиски функционери. Целта била како да се надминат внатрепартиските разлики за одредени кадровски решенија, помеѓу неколкуте фракции кои се евидентни внатре во Општинскиот Комитет. Но за жал, проблемот наместо да се реши, тој уште повеќе се зголемил, што пак допринело да самото членство полека но сигурно им го врти грбот и веќе почнале интензивни контакти со новата коалиција, ВМРО за Македонија, предводена од Љубчо Георгиевски, Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов како и со коалицијата на Јове Кекеновски.

Ај и за Арсенчо малце: Пред некоја ноќ, Арсенчо враќајки се од Скопје застанал во Облаче, бил многу пијан а и нервозен.Од толку што бил пијан, џипот од Облаче до дома му го возел газдата на Облаче, Гоце Сојка.

14976238_365259840532440_1058122039_o



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.