Балкан

ХАЛКИДИКИ МАНИЈА ВО ГРЦИЈА СИЛУВАЛЕ МАЛОЛЕТНИЦИ ВЛАДИНИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ ДРУГАРИ НА НАШАТА ВЛАДА

Грција ја тресе афера поради силување малолетници: Грчката влада е под огромен притисок. Падна првата оставка!

Портпаролот на грчката влада Христос Тарантилис денеска поднесе оставка, повикувајќи се на „семејни причини“, додека властите се мета на критики поради скандалот со силувањето на малолетници.

Во писмото испратено до премиерот Кирјакос Мицотакис, Тарантилис (57) рече дека повеќе не може да биде владин портпарол од семејни причини, но ќе остане пратеник во владејачката конзервативна Нова демократија.

Тарантилис стана портпарол пред помалку од два месеци, на почетокот на јануари, за време на козметичката реконструкција на Владата, и ќе го наследи Аристотел Пелони, неговиот досегашен заменик.

Десничарската влада е критикувана од опозицијата и медиумите, кои ги обвинуваат властите дека сакаат да го прикријат случајот на разрешениот директор на грчкиот народен театар, Димитрис Лињадис, кој беше назначен од владата.

Левичарската опозиција и медиумите бараат оставка од министерот за култура, Лине Мендони, кој го назначи Линјадис за директор на театарот.

Во Грција, во последните два месеци се зголемува бројот на извештаи и истраги на случаи на сексуална злоупотреба во областа на спортот и културата.



Македонија

Заболени
146,733
+824
Мртви
4,419
+31
Излечени
122,121
Активни
20,193
Last updated: 18/04/2021 - 01:56 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.