Македонија
Густиот чад над Скопје доаѓал од пожар во Комуна
Чадот што ги вознемири скопјани утрово доаѓал од пожар кај старата во фабриката „Комуна“. Од скопската пожарна велат дека станува збор за магацински простор каде е запален пластичен материјал.
„Запалена е поголема количина на пластичен отпаден материјал каде се врши дробење и рециклирање на истиот. Интервенирано е со 9 возила и 20 пожарникари. Пожарот брзо е ставен под контрола“, вели командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески.
Во моментов на терен има дежурна пожарникарска екипа која го надгледува теренот.
