ВЕРСКА РИЗНИЦАКолумни

ЃУРЃОВДЕН-СВЕТА ВОДА

ЃУРЃОВДЕН-СВЕТА ВОДА
Денеска е празникот Ѓурѓовден, кој секогаш се слави на 6. мај. Наутро лугето одат во црква на богослужење. Паланачка традиција е да жените од секоја маала тој ден излегваат на теферич-седенка во природа.
Нашата и Чукарска маала го имаат заедничкото место-„Света вода„ за излетиште. Тоа се наоѓа на патот за Којдунци који води од градот по долот Нимулија, па од влашката куќа на дедо Зико лево, покрај бавчата на Јанакија Аликоч десно, и стрмо крвудајки лево и десно, право у планината горе. Од првата зелена кривина десно има патче које води до „Света вода„. Тамо има едно пропланче на кое жените распростираат чергичиња за седење и чаршави за јадење. На овој ден доаѓаат и група жени, обично комшивки, и од другите маали. На крајот от патчето, стоји една висока карпа, покриена со лишаји и околу зарасната со не проодни грмушки, а најмногу диви купини. От под каменот извира и тече тенок млаз на бистра, како солза од око, студена вода. Капе во вирчето испод, претечува надоле, по своје некое патче и право во нимулиската вода се преидружува. Од таму тече надоле делеќи ја Црквена маала десно и Варошка маала лево. Под мостот на патот Скопје-Софија, во близина на Вуковата куќа и Официрски дом и Стево-Секина куќа и шкарпата се стрмоглавува на 2-3м право во Крива река. Одма над овој улив се наоѓаше големиот вир, који на децата од Паланка им беше летна плажа. Над вирот се издигаше дивата шкарпа, потпоран зид на нашиот плоштад, чији крај одамна со години надојдената Крива река го поткопувала и тој се накривил. Ни служеше како скакалница за вирот.
Секоје друштво го сочинуваа друштво жени, комшивки од некоја маала. За овије излети меѓусебно однапред се договараа. Се знаеше која што ке спреми за јадење. Тоа беја зелници, баници, тиквеници, јабучаре, алва, татлија,гурабији, мекици, крофни, боза, сокови.
Така подготвени со торбите во рака и децата испред нив, џумле за света вода на теферич.
Секоја група седнува до друга група и се распиштољуваат по чергичињата. Најпрви со децата одат до изворчето и сите се крстат и се умиваат со ова света вода. Децата одма фаќаат мавачки по околината, а жените започнуваат со муабетите. Тече река поздрави, добри и лоши новости, кафенисање, озборувае дошаптавање на скривени тајни, ама се кроз смеа и шала. Ручакот е заеднички. Секој се послужува што сака. Трпезата је разнолика, менито на изволи, по избор. Денеска то се нарекува „Шведски стол„. Со саати ридот одјекнува од дечките граја и женски гласови и песнии. На овије теферичи има многу веселба. Се играат и ора. По замореното долго дружење, се прибира софрата, се збираа децата и секој со поздрав си заминува во свој дом.
Обичај беше да сите девојчиња кога постануваат девојки, треба да одаат на ово изворче. Да скинат некоје конче од својите алишта и да го заврзат на гранките на купините околу карпата и се измијат со оваа вода. Со тоа конче се дарува водата, а за узврат Господ им подарува здрав живот, убаво и добро момче да си наидат, за брачен живот, да бидат сложни, да ижродат многу здрав пород, да дочека да ги одшколуваат и да им направат убави свадби и крштевање.
Во секоје друго време, секој може, кога сака, или пак некоја мака го натера да дојде да се измије, врже некоје конче и се помоли да му се испуни желбата.
Децата од Нимулија овде често доаѓаа во летните жежки денови да се напијат водичка, да поодморат и земат здив за понатамошното играње. Овде беше тешка ладовина со многу стари дрвја, а посебно багреми.
Грнчарска маала теферичи правеа во Багремак. Тоа е пропланак изнад Парговата и Тамбурковата куќа. Десно погоре, од градската вада, имаше патче низ ридот мо меѓу многобројните баграми, па према Ловачки дом. На пропланчето, лево у ќош имаше направено камено оогњиште .Кога ке се ложи огин а не се запали травата и багремите. Децата со украдените зелени класја, извадени компири од најблиската бавча што е ус пут доаѓаа овде. Се ложеше огин со суви гранки који ги имаше на секаде околу и се печеа и јадеа. Под еден камен имаше сокријен кибрит Тој служаше да се запали огин кога некој овде доаѓа. Младите тука кришум пушеа цигари а постарите водеа рандеву-љубавни состаноци .
Ех колку убави сеќавања имаме од тие времиља. Во стари паланчани има и слики от тие Ѓурѓовденски прослави.
Kriva Palanka – My Macedonia Blog


Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.