Македонија

Груби: Не се откажуваме затоа што немаме друг пат, но нема ниту да станеме експеримент во 21 век

„Го споделувам и поддржувам ставот на премиерот Ковачевски во однос на билатералниот дијалог со Бугарија и евроинтегративниот процес“, напиша вечерва на Фејсбук вицепремиерот Артан Груби, осврнувајќи се на денешните случувања во Брисел.

Според Груби, „процесот на интеграција не смее да биде заложник на билатерални прашања и да се киднапира од менталитетот на деветнаесеттиот век“.

„Носењето на одлуки во Европската унија мора да претрпи длабоки реформи без одлагање. Не се откажуваме затоа што немаме друг пат, но нема ниту да станеме експеримент во 21 век“, пишува вицепремиерот.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.