Некатегоризирано

Грција – Изостана јулскиот туристички пик

ИЗВОР НОВА ТВ МК

Ако некогаш во јули Грчкиот туризам го доживувал својот пик, годинава и стартот на летната сезона и седмиот месец бележат тотален крах, барем што се однесува до Халкидики која е најчесто посетувана летноодморска дестинација за македонските граѓани. Повеќе од сигурно е, велат сопствениците на ресторани и други угостителски објекти, на крајбрежјето на Пефкохори, дека уште долго немало да им се повтори 2019 година, кога грчкиот туризам доживеа приход од околу 20 милијарди евра.

Во овој контекст неодамна и министерот за Туризам на Грција , Харис Теохарис изјави дека вирусот им ги поматил сметките.

,,И покрај сите мерки и подготовки, туристите ги нема. Хотелите зјаат празни а многу од нив не се ни отворени. А, мал број на ноќевања имаат и приватните сместувачки капацитети“, раскажува за Нова Тв Јовица Анѓелковиќ кој овие денови ги поминува на вториот крак на Халкидики.

,,Грчките ресторанери, меѓу кои има и многу од Албанија, што дошле да си ја пробаат среќата овде велат, претходно цените ги покачиле за околу 20 одсто во очекување на добар туристички „лов“, за сега да ги намалат за исто толку и повеќе. Па така кафето е 2 евра, пивото 3 евра исто како и гирото и палачинките, просечен ручек се движи од 7-13 евра. Така што идејата за голема заработка е далеку и за домашните и за албанските угостители.Цената на сместувачките капацитети пак се движи меѓу 40 и 80 евра“, заклучува нашиот соговорник.

Традиционалните гости од Србија и Македонија, кои во добрите времиња знаеле да бидат околу 130.000 во моментов се присутни со едвај околу 10 одсто, вели нашиот соговорник.

,,Оваа неверојатно мала бројка на туристи во овој период од летните одмори придонесе многу од рестораните да се затворени, а она што претставува најголема предност, ако може така да се каже, е што ги нема оние познати гужви на плажите, сега дополнително и со мерките за ковид19. Годинава изостанаа и традиционалните гости од Русија и Украина. Чартер летовите од овие земји кон Грција,сведени се на минимум а ги нема и гостите од Англија и ЕУ“, информира за Нова Тв, Анѓелковиќ.

Моменталната епидемиолошка состојба не е загрижувачка, за што биле изненадени и самите Грци, но како што изјавувале, спорото отворање на Грција и многубројните формалности на границите си го направиле своето. Антиковид мерките не се почитувале многу-многу.Туристите не носеле маски, а во рестораните можело да се забележат и по десет лица на една маса.

Мирјана Трпческа

НОВА ТВ ЛИНК



Македонија

Заболени
189,887
Мртви
6,594
Излечени
170,956
Активни
12,337
Last updated: 27/09/2021 - 09:15 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.