Црна Хроника

Гром усмрти момче на плажа кај Сплит

Сплит и околината вчера ги зафати невреме во кое загина младо момче. Како што пренесуваат хрватските медиуми, момчето го погодило гром додека излегувало од морето во местото Мутограс.

Иако Брзата помош стигнала на местото на несреќата за брзо време, момчето починало. Околностите за несреќата сè уште се утврдуваат. Според неофицијални информации, станува збор за 26-годишно момче од Босна и Херцеговина.

Очевидци на несреќата за „Слободна Далмација“ рекле дека со момчето имало и девојка со која заедно биле во водата „Гром удри во морето, слушнав крик и тогаш сфатив дека се случила трагедија. Иако девојката беше до него, таа не настрада и почна да го извлекува момчето од вода“, изјавил очевидец.



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.