Колумни

Грешен си Петре и си одиш!

Во втор круг гласам ПРОТИВ ШИЛЕГОВ, поради неговата лицемерност, ароганција, дволичност…
Ќе ви раскажам кратка хорор приказна колку лицемерно, саможивно суштество е ликов!
Се што ќе кажам за ликов, може да ме демантира веднаш ако не е вистина! Бевме ГОЛЕМИ пријатели и приватно!
Со Петре, додека не дојде на власт бевме големи пријатели. Знаевме да заглавивме со денови да пишуваме буквално на секоја тема! ( Голем муабетџија и филозоФ)! Да пишуваме во часови колку цело едно работно време! Да зборуваме на телефон!
Спиевме буквално во штаб за да дојде на власт! Во моментот кога ТОТЛЕ доаѓа на власт, станува градоначалник и го снемува! Ок, велам сигурно обврски…
Му немав буквално НИШТО побарано, ниту работа, ниту услуга (жив е, пријател ми е на фејс, може да негира)! Се до еден момент кога се среќаваме на 8-мо Мартовскиот марш каде што му раскажувам за Филип, за проектот! И Петре, ми вели: Дојди Ивана во кабинет кај мене и ќе договориме за Комисија за децава и да почнеш да работиш со нив! И во ред, залажуваме средба, во одредено време, нели во кабинет кај него!
И тука јас го запознавам какво лицемерно суштество е ликот!
Одам на закажано време, претходно дваесет минути ( значи повторувам дваесет минути се слушаме на телефон) дека доаѓам, за потврда за средбата!
За да ликот, кога доаѓам ми каже ( не знам која Ивана имам закажано состанок), ок, замисли заборавил со кого зборувал пред 20 минути!
Да, кога влегувам во кабинет, не ме удостојува ниту да седнам, значи стоев цели 3 минути!
И ми вели и за што дојде, кажувај побрзо имам обврски! Велам, вие ме викнавте, за Комисија за децава!
А не, тоа е земено, ти ако сакаш оди у Лајка нешто, шо знам прави нешто, ваљда ќе земаш некој денар! Молам??? Велам јас дојдов за Комисијава, за децава, имам проекти!
Епа нема, тоа е зафатено, ај сега брзам имам обврски!
Излегувам јас, не знаев вратата каде да ја најдам! Имено, за оние што мислат дека Комисијата носи многу пари, станува збор за 7.000 денари месечно ( не ми се битни, барав само подобар живот за децава)!
И од тогаш ликот го доживувам како обичен шарлатан, лажго и манипулатор!
Океј, веќе следниот ден прогуглувам кој е на местото кое го сакав да го работам, гледам лик кој врска нема со проблематиката, поставен само и лично поради пари и личен профит! Истиот лик, има неколку Комисии, и неколку одбори!
Е ова е единственото што сум го побарала од Петре или било кој друг!
Истиот ден го гледам Петре до уши окезен како зборува за децава и што се ќе направи за нив! Е тука веќе ми се згадува како лик и почнува да ми се превртува желудникот од него!
ДАНЕЛА, е наше бранковистичко дете, така да мојот глас оди за нејзе, ПРОТИВ ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ!
Ветив фер борба, исто како со Филип Темелковски дека ќе го тргнеме Петре без сета црна кампања против него! А ја има поприлично доста, за уште вечерва да падне! Во име на поранешно пријателство јас ќе бидам достоинствен противник, иако тој во мојот случај испаднал ГОВЕДО!
Имам поприлично долги видео снимчиња како Петре ,,вработува,, и кои предуслови треба да се ,,поседуваат,,! Бидејќи сум максимален фер плеј играч, ќе кажам јавно: Лично ДПМНЕ ги бараше снимките, во замена за паричен надомест, услуга! Исто и три портали! Иако Петре го заслужува ова, не му го направив, достоинствено како што спиев по штабови за да биде градоначалник, сега ќе спијам за да не биде! Повеќе од фер плеј од мене НЕМА!
Може само во некое идно време да ми се заблагодари што не ги изнесувам бљувотинитр негови во јавност, туку со пенкалце го рушам!
Грешен си Петре и си одиш!
Можно е да е слика од 2 луѓе, вклучително Петре Шилегов, луѓе што стојат и текст кој вели „Updated: October 18, 2021 pacTe npeAHocTa Ha apcoBcKa, wилeroB ry6и co HaA 7500 rлacoBи By Zore Naceva October 18, 2021 114 f лoKaлHи 36opи noKaлHии36opи2021 2021 -Advertisement-“


Македонија

Заболени
216,328
+333
Мртви
7,609
+17
Излечени
200,669
Активни
8,050
Last updated: 02/12/2021 - 22:15 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.