МакедонијаТОП

Градоначалникот на Кисела Вода со тужба до Левица

Советниците од фејсбук партијата Левица кои година и пол земаат пари од граѓаните и за истите наместо да работат во служба на граѓаните тие пишуваат статуси, добро би било за промена конечно да се запознаат со својата работа!
Јас ниту сум гласал за донација од Усје ниту можам да гласам – ТИЕ ГЛАСАА!
Ако им проаѓаат приказните за мали деца низ цела Македонија, во интерес на вистината јас нема да дозволам некој да манипулира со чувствата на граѓаните затоа што и моето петгодишно дете и мојата фамилија живее во Кисела Вода и јас сум првиот кој се бори против тоа, но заклучно со моите ингеренции!
Почитувани, добро знаете дека мојата работа е транспарентна и секогаш отворена за народот, па од таму на почеток сакам да истакнам дека јас ниту некого сум штител ниту пак имам намера да штитам и единствениот пакт со кого го имам е со мојот народ!
Политичар за мене е да се грижиш за доброто на граѓаните, за оние кои ти ја дале довербата и за унапредување на нивниот живот а не да бидеш политикант кој одвреме-навреме ќе напише ,,хаха”статус на социјалните мрежи, па макар тоа да биде и целосна измислица со цел да се ,,оправда” неработењето, незнаењето и неисполнувањето на неколкуте илјади ветувања при доаѓање на власт. Но, народот гледа, тој е оној кој дава и зема.
Да одиме по ред и со докази:
Одлуката за донација на цемент од компанијата Цементарница Усје со која ревносно тврдат, цитирам, ,,е купен градоначалникот на Кисела Вода”, не е изгласана од моја страна туку од оној кој има надлежност за тоа, во случајов – Советот од кој се дел самите советници на Левица. Јавноста треба да знае дека за оваа одлука која сега оваа партија ја именува како поткуп, гласале СИТЕ советници, вклучително и советниците на Левица што добро се гледа и од стенограмот од седницата на која е донесена таа одлука.
Ако е ова поткуп, како што тие велат, биле ли тие, советниците од Левица, поткупени кога гласале ЗА или се надевале на некаков надомест за гласањето, па сега се чувствуваат изиграно?
Исто така, многу е симптоматично што Левица или има тотално непознавање или свесно манипулира со лажни информации за надлежноста околу контролирањето на загаденоста кога е во прашање Цементарница Усје.
Голем сомнеж буди и целосниот молк околу институциите од централната власт и градот Скопје за кои и обичните граѓани знаат дека се единствените кои имаат надлежност да ја контролираат Усје.
Ако се работи за незнаење, на располагање им ги нудам сите наши служби за да ги едуцираат и информираат каде треба да реагираат и да бараат одговори.
Имено, Цементарница Усје има добиено А интегрирана еколошка дозвола за чие одобрување е надлежно Министерството за животна средина и просторно планирање. Контрола на издадените А интегрираните еколошки дозволи, односно контрола на работата на Цементарница Усје врши Државниот инспекторат за животна средина.
Тука сакам да ве известам и дека од страна на Општина Кисела Вода е пратен допис до надлежните со барање за почести контроли. Воедно, во изминатиов период се случуваа и рушења на дивоградби и борба со урбаната мафија, нешто што 30 години не се случувало во оваа општина.
Затоа и збунуваат ваквите обвинувања, отворајќи сомнеж за други пактови, но не мој, туку на партијата Левица, за кои треба да им одговорат.
За овие и невистини и лажни обвинувања секако, ќе поднесам тужба до надлежните органи па ќе си го кажат ова таму каде што треба.
Нема опис за фотографијата.
Сега, откако Левица виде дека малку повеќе се ,,лизна” со нивното неосновано обвинување за прифаќање на донацијата од Усје за која сами гласале, за да се исперат најверојатно пред своето членсттво пробуваат сега, преку ново обвинување како не сум прифаќал нивна иницијатива. Јас нема што да прифатам нешто што веќе сум го предвидел и вметнал во програма, конкретно во програмата за животна средина. Мерната станица за која пишуваат веќе е предвидена и ЌЕ СЕ ПОСТАВИ во близина на кружниот тек пред влезот на цементара. Најважно е што, истата Левица гласаше воздржано за Буџетот за 2023 година што значи не го поддржале она кое самите го бараат, мерната станица, што делува тотално збунувачки и човек никако не може да ги разбере што точно сакаат. Се надевам дека во иднина ќе го оправдаат своето делување во општината и оправдааат парите што ги земаат од граѓаните преку конкретни идеи и проекти за унапредување на Кисела Вода, а не со вакви бламирачки потези со кои самите на себе си прават повеќе штета, отколку добро. Сепак, ги поздравувам и им посакувам добро здравје и многу успеси.
Јас сум секогаш на страната на мојот народ и нема да дозволам никој да си поигрува со нивното здравје. Ние сите, нашите деца живееме тука и битката за подобро утре е секогаш на првото место!


Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.