Македонија

ГРАДОНАЧАЛНИК ПОЗИТИВЕН НА KOPOHABИPУC: Сите вработени во општина Чешиново-Облешево ставени во caмoизoлaциja

Градоначалникот на општина Чешиново-Облешево Горанчо Крстев е позитивен на тестирањето за коронавирусот по тест направен во приватна клиника во Скопје, заедно со неговата сопруга, а од денес и админситративната зграда на општината е затворена


Ова го потврди и докторката Јасмина Ајтовска, која на својот ФБ профил напиша сите кои во последниве денови биле во контакт со Градоначакникот да се пријават за понатамошни инструкции, но апелира да не се крева паника.

Почитувани сограѓани на општина Чешиново-Облешево…секој од Вас кој последните 10 дена бил во контакт со Градоначалникот или со некој од вработените на општината…да се јави кај својот матичен лекар за понатамошни инструкции и лична заштита. Да не се создава паника…Заболени од коронавирусот нема, но има позитивни од општинската зграда кои се без симптоми! Со почит, д-р Јасминка Ајтовска.

Нашите инфромации говорат за тоа дека уште пред 10 дена, сопругата на градоначалникот добила благи симптоми и заминала на матичен и бидејки изјавила дека немала контакт со заболено лице,по алгоритмот на министерот за здравство, Венко Филипче била одбиена за тестирање.

Откако во Кочани почина првиот заболен од новиот коронавирус, кој по професија бил фризер, а меѓу чии клиенти бил и градоначалникот кој на 23 март бил на шишање.

„Точно е дека на 23.март бев кај сега починатиот бербер, но до 1.април никој не знаеше дека тој е заболен од коронавирус. Кај него не само јас, туку биле многу други муштерии и во следните денови. Уште дента кога дознавме, закажавме тестирање во ‘Аџибадем Систина’ каде што јас и мојата сопруга бевме негативни. На 6.март направивме уште едно тестирање во ‘Жан Митрев’ и на тој тест излеговме позитивни“ – вели градоначалникот Крстев за Инфомакс.

Тој додава дека уште веднаш откако ги добиле резултатите се ставиле во самоизолација.

„Јас и мојата сопруга заедно со моите деца уште веднаш се ставивме во самоизолација. Од вчера никој не излегол од дома. Јас уште веднаш дадов налог општинската зграда да се затвори, а вработените да се јават на доктор за понатамошни инструкции. Ова го пријавив и во Институтот за јавно здравје. Се е по процедура“ – тврди градоначалникот.

Тој ги демантира шпекулациите дека членови на неговото семејство се движеле слободно откако дознале дека се позитивни на КОВИД-19.

„Утре ќе се тестирам во државното здравство. Во 8.30 имам закажано тестирање. Ќе се тестираат и моите деца, и ќе бидеме сите во изолација 14 дена. Нема светот да престане ако сме 14 дена во изолација“ – додава тој.

Во врска со компанијата, тој тврди дека половина година воопшто немал контакт со ниту еден вработен бидејќи е фокусиран на работата во општината, а со компанијата нема никаква врска.



Македонија

Заболени
189,887
Мртви
6,594
Излечени
170,956
Активни
12,337
Last updated: 27/09/2021 - 09:30 (+02:00)

Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.