Колумни

Говорот на Груевски: странски служби, мрачна опозиција, заплашувања…човекот е ПОЛУДЕН

gruevski-777x437

Претседателот на ВМРО-ДПНЕ, Никола Груевски, и на вечерашниот митинг во Скопје не пропушти да спомене дека против него и државата се водела црна кампања од странски служби.

Вложени се милиони евра во ова сценарио и кампања на опозицијата. Тие што вложувале во ова, не и мислат добро на државата и на вас, и вие го знаете тоа. Тие кои ја водат кампањата со опозицијата се истите тие кои се одговорни за кризата во државата, што се одговорни за тоа зошто нашата држава тапка во место во евро и евроатлантските интеграции, и кои имаат лоши планови за нашата држава, тука е и опозицијата која е алатка во ова сценарио и чие работење ви е познато многу добро, рече Груевски.

Груевски повторно ги нападна критичните медиуми, ја обвини опозицијата за местење тендери, се пофали со многу стари и идни проекти и побара поддршка од народот. Носителите на листи продолжија со реториката на заплашување  дека Заев ќе ја федерализал Македонија заедно со Албанците. Ова е и главната приказна на која што се темели нивната црна кампања против опозицискиот камп. СДСМ ги отфрли овие приказни, кои инаку први беа објавени на анонимни портали регистрирани во странство од страна на лица блиски до власта.



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.