Македонија

Ѓорѓиев молчи за тоа по кои критериуми Вангелов бил избран за член на комисијата за историски прашања со Бугарија

Три дена пред да се расправа за Гоце Делчев на состанокот на мешовитата комисија, нејзин нов член е станат Огнен Вангелов… За него ниту сме слушнале некаков научен труд да објави, ниту каде работи, ниту кои се неговите достигнувања. Не е ова никаков напад врз човекот, туку скандалозно прашање за кое јавноста заслужува одговор од едноставна причина што неговиот татко е силен поддржувач на СДСМ, а според одредени кругови – и меѓу основачите. И помладиот Вангелов има силни поддржувачки изјави на тема власта…
Алфа два дена бара одговори зошто е токму тој избран од плејада македонисти и историчари и по кој кротериум, ама “молкот е злато” ви остана девиза…

Молк од претседателот на комисијата за историски прашања за критериумите по кои е избран новиот член на македонскиот експертски тим, Огнен Вангелов.Драги Ѓорѓиев втор ден не одговара на прашањата на Алфа и за тоа како се одлучува кој ќе биде меѓу членовите на експертското тело кое преговара со бугарските претставници за историски и образовни прашања. На кој начин се прави селекцијата на кадри кои го заслужуваат местото во тимот кој со колегите од Бугарија одлучува за исклучително важни прашања како она за Гоце Делчев.

Предводникот на македонските историчари не открива зошто токму Огнен Вангелов, син на Атанас Вангелов, член и поддржувач на СДСМ бил најпогоден да го пополни испразнетото место откако еден од членовите ја напуштил комисијата.

Алфа се обиде да стапи во контакт и со новиот член Вангелов. Но и тој не одговори на нашите пораки за неговиот избор, научните трудови и досегашниот ангажман. Ниту на профилот на Фејсбук не можат да се најдат податоци за тоа на какви проекти во моментов е ангажиран.

Дека Огнен Вангелов ќе биде дел од мешовитата комисија јавноста дозна и од колумната на неговиот татко Атанас кој пишуваше за негативните реакции на дел од медиумите во Бугарија. Таму е наведено дека Вангелов е политиколог со докторска дисертација на универзитетот Кингстон во Канада.

Министерството за надворешни работи пак информира дека кадровската смена се случила на 13 Октомври, на три дена пред разговорите и за ликот и делото на Гоце Делчев. Доскорешниот член Дарко Стојанов побарал да му престане мандатот поради студиски престој во Австрија. Од МНР објаснуваат дека изборот на членови го прави комисијата, а предлогот на седница го потврдува владата.

Прашањето за Гоце Делчев барем до наредната средба на историчарите во Софија останува отворено. Македонско-бугарската комисија до тогаш треба да се обиде да утврди заеднички текст со кој би се дошло до компромис за една од најчувствителните теми од историјата.

Градимир Марковски

Македонија

Заболени
25,473
Мртви
874
Излечени
18,047
Активни
6,552
Last updated: 23/10/2020 - 10:41 (+02:00)
loading...

Поврзани вести

Back to top button

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker