Балкан

Ѓорѓе Балашевиќ погребан во Нови Сад со музика од тамбураши (видео)

Ѓорѓе Балашевиќ погребан во Нови Сад со музика од тамбураши (видео)

Ѓорѓе Балашевиќ беше погребан денес, недела, на гробиштата во Нови Сад.

Семејството организираше сè без масовно дсобирање, а познатиот кантавтор беше испратен со тамбураши.

Тамбурашите на гробиштата ги свиреа неговите популарни песни, вклучувајќи ја и „Оливера“, која тој ја посвети на сопругата.

Патем, жителите на Нови Сад сè уште се собраат пред куќата на панонскиот морнар, оставаат свеќи и цвеќиња, како и пораки.

ФОТО:ЈУТЈУБ ПРИНТСКРИН/
„VECERNJE NOVOSTI“

Инаку, денес во Нови Сад беше прогласен ден на жалост за смртта на Балашевиќ.

Сакајќи да се простат од ненадејно починатиот најстар член, семејството ангажирало приватно обезбедување, кое ги затворило сите влезови на гробиштата. Утрово, градоначалникот на Нови Сад објави дека е донесена одлука овој ден да се прогласи за Ден на жалост во Нови Сад по повод смртта на големиот Ѓорѓе Балашевиќ.

– Ги исклучивме светлата во Градското собрание за да ја искажеме својата болка и тага за семејството. Ова е тежок момент за семејството Балашевиќ, но и за целиот град, држава и регион. Нови Сад веќе нема да биде ист по неговата смрт – изјави Вучевиќ на својот Инстаграм профил.



Македонија

Заболени
106,110
Мртви
3,176
Излечени
94,275
Активни
8,659
Last updated: 06/03/2021 - 07:56 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.