ЖивотЗабава

Гордиот тате Вице Заев ќерка му дипломираше…

Таа долго време се подготвуваше за ова!

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Ева Заева со своите колеги од Машинскиот факултет го прослави завршувањето на последната година.

Внуката на поранешниот премиер на Македонија Зоран Заев, Ева Заева, долго време се подготвувала за оваа вечер. Таа на социјалните мрежи објави неколку фотографии од прославата на апсолвентската забава, а фотографија од забавата на Инстаграм објави и нејзината мајка Славица.

Од фотографиите што се уште се вртат на социјалните мрежи можеме да видиме дека Ева за овој посебен момент наместо фустан избра преубав комбинезон. Во прашање е елегантна креација во црвена која Ева ја зачини со кармин во малку посветла црвена нијанса и големи обетки.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Таа доби голем број комплименти на сметка на нејзиниот изглед, а честитки за нејзината апсолвентска се уште пристигаат.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Инаку, Ева претходно сподели и неколку фотографии од таблото, со кои исто така ги воодушеви сите.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Како таа изгледаше и во ова издание, погледнете во продолжение:

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Комбинезон, наместо фустан!

Инаку, комбинезоните никако не ја напуштаат модната сцена откако пред неколку сезони беа еден од главните трендови.

И според она што можеме да го видиме од социјалните мрежи, тие ќе бидат мошне популарни и во следниот период. Покрај оние што можеме да ги носиме во дневни варијанти, се повеќе ни се допаѓаат и моделите наменети за посвечени пригоди, а бидејќи пред нас е сезоната на венчавки, пронајдовме неколку модели кои се идеални токму за овие моменти.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Можете да ги носите и во вечерни изданија, а како изгледаат погледнете во продолжение и изберете го вашиот фаворит.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Па доколку ве очекува свадбена веселба или некоја друга свеченост, а не сакате да носите фустани, тогаш изберете и вие еден ваков модел како што тоа го направи и Ева. Во зависност од кројот и материјалот, комбинезоните можат да бидат и далеку повпечатливи и од најубавиот фустан што можете да го замислите, посебно ако паметно го комбинирате.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Моделите со широки ногавици даваат гламурозен изглед и се одличен избор за свечени пригоди. Во горниот дел можете да покажете малку кожа, да додадете некој повпечатлив накит и да имате топ комбинација.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.