Забава

Гола во хотелска соба, на „турска купка“ со шампањско во џакузи Лила на пензионерска тура во Турција

Лила со реприза на ланскиот „турски раскош“: Гола во хотелска соба, на „турска купка“ со шампањско во џакузи, па на плажа со коктел (ВИДЕО)

Најпознатата и најдолговечна македонска ТВ водителка Лила Филиповска уште еднаш покажува дека знае како се ужива… Во животот секако, зашто, како што вели песната: „Земи се’ што животот ти пружа, денес си цвет, а веќе утре, свената ружа“.

Иако Лила и по изглед и по сензибилитет и по однесувањето, дух и карактер покажува дека е се’ уште „вечно млада“, можностите што и се пружаат и тоа како знае  да ги искористи, откако се разбира знае и како до нив да дојде.

Иако летото се уште е на пат да пристигне, Лила го предухитри, ги спакува куферите и самата појде онаму, каде што летото побргу стасува – на море. А, кога веќе еднаш ја почувствувала сета убавина на турското крајбрежје и гостопримливоста на домаќините, тогаш зошто да не се врати на истото место. Затоа Лила реши да направи реприза на ланскиот „турски раскош“ и одлета за Бодрум.

Хотелот како од бајките, а принцезата не спиеше на „зрно грашок“ туку во луксузен хотелски апартман, распослана на широка софа,  тукушто разбудена, пиштол гола, без облека на себеси, прекриена само со бел чаршав, со утрински поздрав за своите следбеници кои  како и секогаш, беа одново воодушевени…

Впрочем исто или слично, само малку поразлично од лани!

Појадокот – „од пиле млеко“… нема што нема, а и да нема, ќе се набави!

Обилен и внимателно одбран, зашто колку и да се треба да се акумулира енергија за летните лудории, толку мора и да се внимава и на внесот на вишок калории.

И позите на хотелската тераса или крај базенот, горе-долу исти како и лани…

Како и костимот, едноделен… само различен е дезенот!

По вкусниот појадок, водителката реши да замине на мало уживање и релаксација…

На „турска купка“ во џакузи зачинета со чаша шампањско, за шмекот да биде соодветен, а впечатокот комплетен!

По џакузи купката, време е за малку посолена вода… Онаа, морската…

За плажа и уживање на врелиот песок и крајбрежјето. Само што Лила не е таа што ќе се валка и пече на жешкото сонце, па затоа за неа е подготвена специјална градба.

Бел шатор со сепаре, во кое овошната понуда е повеќе од разновидна, а освежителната завидна.

Од разно-разни сокови до коктели, кои ако сте така вешти и смели како Лила, која може да ги пие и додека плива…

Или барем додека се „шлапка“ во плиткото, за си ги олади…  Ако не бујните силиконски гради, барем стапалата!

 

Фото: Инстаграм принтскрин/lilafilipovska



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.