МакедонијаТОП

Ѓоко кај е извештајот бе? Или се попишмани мека фотелјата со телешка кожа?

Ни трага од извештајот за нападите на Јанакиески и Ристовски, се чека и оставката на Котевски

Го нема извештајот за инцидентот во притворот во Шуика кога беа нападнати двајцата поранешни министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски. И покрај најавата дека денеска детали за нападите со оставката на директорот на Шутка Ѓоко Котевски ќе бидат јавно објавени, како и дека ќе бидат доставени од владата, прес-конференција немаше. Во меѓувреме и МВР чека извештај од притворското одделение на Шутка. Министерот Спасовски вели засега нема наредба за било постапка од страна на полицијата.

-Чекаме да заврши внатрешната истрага, бидејќи затворот и Управата се задолжени за внатрешното обезбедување и врз основа на тие извештаи, доколку имаме наредба за какво било постапување ќе постапиме, изјави министерот Спасовски.

Додека затворските власти испитуваат каде потфрлил системот или нападот на поранешните министри бил исцениран, на адреса на Јанакиески и Ристовски, но и на други поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, како и до првиот човек на ДУИ, преку писма и статуси на социјалните мрежи, секојдневно пристигнуваат закани од Кумановската група, обвинети за настаните од Диво Насеље.
Премиерот Заев, вели дека државата ќе постапела соодветно.

Поранешниот министер Миле Јанакиески е дома, судот ја преиначи првичната одлука и мерката притвор му ја замени со куќен притвор. Но, во Шутка остана Спиро Ристовски.

Сања Т. Ставров



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.