Колумни

ГО ТРГААТ ЛАЗЕ ОД ОРГАНИЗИРАН, КРИМИНАЛОТ ВО ПОРАСТ МРТВИ ПО УЛИЦИ

Зошто е сменет началникот Лазе Велковски: Организираниот криминал го возвраќа ударот! Отстранувањето на Лазе Велковски, човек од доверба на американската ДЕА и соработник на обвинителката Вилма Рускоска, е најава дека одмаздата на организираниот криминал во Македонија нема да запре. Според нашите извори, следна за отстрел е токму обвинителката Русковска.

Омилени Во моментов 
Ќе бидам краток и јасен.
На нашата последна средба на крајот на ноември минатата година, го предупредив премиерот Зоран Заев дека ќе дојде до вакви крвави пресметки на скопските улици.
Му кажав и зошто. И го предупредив да си го реши проблемот.
За да не биде дека зборувам напразно и Заев да го одрекува ова, ќе го кажам и следново. Вчера (среда, 12 мај), се сретнав со мои драги колеги. И на нив им го кажав истово. Пред да се случи првата вооружена пресметка.
Толку е постот.
Засега.

Лазе Велковски, началникот на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, пензиониран експресно по исполнувањето на условот 40 години работен стаж, ја разгледува можноста со тужба да почне правна битка против лицата кои му го ускратија законското право да остане во службата до 45 години работен стаж, дознава Плусинфо.

Решението за пензионирањето на Велковски го потпишал министерот Оливер Спасовски, а лично му го врачил директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски. „Досегашниот началник на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал Лазе Велковски не е разрешен, туку го исполни условот за пензионирање – 40 години работен стаж, со што работниот однос му престанува согласно Законот за внатрешни работи. На негово место, со времено решение, е поставен Ветон Кранлиевски, државен советник во Кабинетот на министерот и долгогодишен вработен во Министерството за внатрешни работи“, се вели во објаснувањето на МВР, без притоа да се даде одговор зошто на Велковски не му се дава законската можност за продолжување на работниот однос.

Според членот 174 од Законот за внатрешни работи, секој вработен во МВР има право да побара продолжување на вработувањето до 45 години работен стаж, без оглед на возраста. Велковски поднел писмена изјава за продолжување на договорот за вработување и според словото на Законот, МВР е должно да постапи по неговото барање.

Дали Велковски е жртва за апсењето на Драги Рашковски?

Како што е познато, Лазе Велковски до август 2018 година беше на позицијата директор на Бирото за јавна безбедност. Но, на предлог на министерот Оливер Спасовски, тој беше сменет, откако внатрешна истрага утврди дека користел службено возило за приватни цели, за превезување на членови на неговото семејство во Грција. Тогаш не се дозна кој го следел службеното возило и направил фотографии и кој издал налог за тоа.

Како началникот на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Лазе Велковски, кој по наредба на шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска е и истражител на ова обвинителство, учествуваше и раководеше со неколку акции со кои брцна во окото на организираниот криминал во Македонија. Тоа е причината поради која е отстранет од челната позиција на овој Сектор, велат извори на Плусинфо.

Порталот СДК шпекулира дека клучен мотив за отстранувањето на Велковски е истрагата против Драги Рашковски, која сега е проширена и за други дела. СДК во „досието“ на Драги Рашковски ги вбројува и истражувањето на елементи за вмешаност на организирана злосторничка група за незаконските патни исправи, дојавата и бегството на наркобосовите по акцијата во Сарај и Ченто, но и бројни други предистраги за кои подолго време се зборува, а кои наводно допирале до високи раководни структури.

Обид да се пресретне апсењето на началник на полицијата во град од Југоисточна Македонија, замешан во трговијата со мигранти?

Извори на Плусинфо велат дека чашата на нетрпение кон Велковски се прелеала и по објавувањето на извештајот на „Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал“, за кој пишуваше и Гласот на Америка на македонски јазик.

Во овој извештај, меѓу другото, се вели дека шверцот на дрога од размери какви што има на Западниот Балкан е можен само во дослух со државни структури. Оваа „заштитничка економија“ опфаќа корумпирани гранични службеници кои „гледаат настрана“ на клучните премини, полицајци кои го игнорираат па дури и се вклучени во шверцот. Исто така може да вклучува и политичари кои ги штитат клучните играчи за процент од бизнисот. Фактот што има релативно малку заплени на дрога во регионот сугерира или на небрежност или на корумпираност кај силите на редот – наведуваат авторите.

Извештајот на „Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал“ која е со седиште во Виена го анализира и шверцот со мигранти. Во овој нелегален бизнис, според авторите, само на границата меѓу Грција и Северна Македонија се вртат меѓу 11.8 и 17.7 милиони евра годишно. За нелегално минување низ македонска територија, од Грција до Србија мигрантите плаќаат по 1.000 до 2.500 евра – за превоз од Гевгелија и Дојран до Куманово се наплаќа од 500 до 700 евра, а од Куманово преку граница до Србија уште 500 до 600 евра, наведуваат авторите. Често шверцерите ги земаат сите пари од бегалците а потоа ги оставаат на пат или на планина и тие немаат ориентација каде се. Има и извештаи за изнуди, киднапирања и уцени. Дел од мигрантите Северна Македонија ја нарекуваат „Мафијадонија“ поради криминалната репутација, изјавил хуманитарен работник кој е цитиран во текстот.

Како што дознава Плусинфо, по компромитацијата и апсењето на началникот на прилепската полиција, Секторот за организиран криминал и корупција бил на трагата на поврзаноста на уште еден полициски началник во град од Југоисточна Македонија со трговијата со мигранти. Досието на тој началник е спремно и се очекувало негово приведување деновиве. Можно е и тоа да е еден од мотивите за итното пензионирање на Лазе Велковски.

Страдаат луѓето во кои ДЕА има доверба?

Порталот Република анализира дека Лазе Велковски, заедно со поранешниот директор на Државната безбедност Горан Николовски, важеле за луѓе од доверба на ДЕА, американската агенција за борба против трговија со дрога, ДЕА, која со нив од 2018 година формираше и специјален полициски тим за дејствување во Македонија. По сменувањето на двајцата во 2018 и 2019 година, на нивните директорски места доаѓаат лица за кои се проценува дека „нема да одат предалеку“ во вршење на својата работа, туку до границите на интересот на корупцијата и нарко-бизнисот. Во периодот од 2018 до 2020 се доделени најмалку 215 фалсификувани пасоши на нарко-дилери и криминалци од страна на службите во МВР, за што ДЕА, дури во 2021, изврши притисок за ниво гонење и апсење, анализира порталот.

Остана необјаснето зошто организирана група криминалци, овластени лица во МВР, која издала најмалку 215 фалсификувани пасоши на нарко-босови и притоа наплаќале и до 20.000 евра за пасош, не е гонета и обвинета како криминално здружение, од ОЈО на Вилма Рускоска, туку постапката и обвинението е работено од скопското обвинителство кое не е надлежно за организиран криминал. Има ли тоа врска со нејзиниот истражител во постапките, сега сменетиот Лазе Велковски?

Практично, МВР ги спаси своите фалсификатори од темелна истрага, од тешки казни и од сведочење пред судот и јавноста со кое би се дознало како и со кого тоа го правеле што, при нивно признание за делото со награда од минимална казна, не е сторено. Сведочење и распит пред судот немаше и јавноста никогаш нема да дознае како се фалсификувани и продавани пасошите на наркодилерите, анализира Република.

Дали ќе падне и Вилма Русковска?

Отстранувањето на Лазе Велковски, човек од доверба на американската ДЕА и соработник на обвинителката Вилма Рускоска, е најава дека одмаздата на организираниот криминал во Македонија нема да запре. Според нашите извори, следна за отстрел е токму обвинителката Русковска.

По нејзината најава дека во МВР се води истрага за соработката на полициски службеници со нарко-дилери и со локални босови на организираниот криминал, беше јасно дека Русковска ќе се соочи со силни притисоци. Некои нејзини постапки во последните денови, коментираат нашите извори, покажуваат дека обвинителката Русковска нема моќ да се бори со шефовите на организираниот криминал, кои допираат високо во врвовите на власта во Македонија.



Македонија

Заболени
155,655
+10
Мртви
5,481
+3
Излечени
149,933
Активни
241
Last updated: 25/06/2021 - 00:26 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.