Колумни

Го пушти ли по вода Наумче Јованоски на Константин Георгиески и СДСМ Охрид, додека тој ужива на сплавови на АДА ЦИГАНЛИЈА???

Се заоштрува политичкото работење пред локалните избори за градоначалник и советници во Општина Охрид. Формирање на месни штабови, агитација од врата на врата, објави на социјални мрежи, регрутација на партиските членства, но и масовна мобилизација на независните советнички листи, се само дел од моменталниот политички декор во Охрид.

ВМРО ДПМНЕ И ПЕЦАКОВ СО МАСОВНА АКТИВНОСТ, СДСМ И КОСТАНТИН ГЕОРГИЕСКИ ФЕЈСБУК АКТИВИСТИ,„ОХРИД ПРЕД СЕ“ НАЈАКИ ТЕРЕНЦИ ?!

Кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ Кирил Пецаков, кој овој пат му ја презема 7-мица, (Роналдо) на Костантин Георгиески, заедно со своите сопартици предводени од шефот на изборниот штаб Сашо Донев, веќе подолго време активно работат на терен со граѓаните на Општина Охрид. Како резултат од досега сработеното на терен резултатите се видливи на новата Анкета, во која анкета Пецаков има водство пред Константин Георгиески од 3,4 % или истакнато во гласови околу 1600 гласови во предност.

Според анкетите советничката листа на ВМРО ДПМНЕ за град Охрид има многу поголема доверба од советничката листа на СДСМ за Охрид, или ВМРО ДПМНЕ има предност од 9,76% поголема доверба од СДСМ или во гласови од некаде над 5000.

11 СОВЕТНИЧКИ ЛИСТИ ВО ОХРИД, ГОЛЕМА МАКА ЗА СДСМ?!

Пародијта 12 за 12 советнички места, која зарибаната машинерија на новиот претседател на СДСМ Охрид Науме Јованоски -Чакар ја пласира изминативе два дена, секако дека претставува чиста УТОПИЈА и комплетно како непознавање на политичкиот моментум, така и крајно шалабајзерски потези на политички давеник.

Листата за советници во советот на Општина Охрид, никако не може да се нарече дека е листа која ја одобрило чллеството на партијата .„Др“ Наумче Јованоски -Чакар, кој сам ја составуваше советничката листа од редот на своите роднини, кумови и другарчиња внесе додатен раздор кај членството на СДСМ во Охрид.

„Др“ Наумче Јованоски -Чакар кој го замени Лазе Танески на претседателското столче во СДСМ Охрид, за да ја обединел партијата и членството, не само што не успеа да обедини, туку внесе додатен раздор и незадоволство кај членството на СДСМ во Охрид.

Граѓанската иницијатива „ОХРИД ПРЕД СЕ“, која произлезе од редовите на СДСМ од поголема група на истакнати долгогодишни членови на СДСМ кој незадоволни од одлуките и политиките на раководството на СДСМ Охрид, кадровските решенија кој немале допирна точка со социјалдемократијата, непочитиување на партиските органи и други девијации, допринесоа Граѓанската иницијатива „ОХРИД ПРЕД СЕ“ да биде еден од главните движечки независни граѓанско политички субјекти во Охрид кој имаат најоглема тежина во изборниот процес за избор на советници и градоначалник за Општина Охрид. Граѓанската иницијатива „ОХРИД ПРЕД СЕ“ своите теренски активности ги започнаа пред 7 месеци и до сега имаат изградено одлична мрежа на свои приврзаници, кој го сакаат Охрид да го видат како модерен космополитски центар, а не партиска касаба. Во Граѓанската иницијатива „ОХРИД ПРЕД СЕ“ која основниот темел се над 1500 незадоволни членови на СДСМ, дел од нив со преголема партиска тежина, тешкаши во СДСМ успеаа за мнгоу краток период со нивната визија и реалност да придобијат граѓани од повеќе политички проеминенции, но најглавното се обединија со голема бројка на неопределени политички граѓани од Охрид, на кој биполарниот партиски систем им е со години преку глава.

11 советнички листи ќе направат голема поделба на гласачкото тело, што додатно ќе биде голем проблем за владеечката СДСМ и опозициската ВМРО ДПМНЕ, со оглед на фактот дека Охрид ќе има мала излезеност, од две причини, првата големото незадоволство од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, и вториот факт ,а тоа е големата миграција, поточно намалениот број на жители на Охрид, кој овој пат нема да доаѓаат со авиони и автобуси за да гласаат на претстојните локални избори, што од разочараност, но факт повеќе од големите и строги мерки на западните земји поради пандемијата со ковид 19.

ФЕЈСБУК И ИСТАГРАМ КАМПАЊА, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ СЕ ЛАДИ НА АДА ЦИГАНЛИЈА?!

Додека ВМРО ДПМНЕ и нивниот кандидат Кирил Пецаков активно работи на терен, од друга страна СДСМ и Константин Георгиески сконцентрирани се на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм и на нивниот пиар Љупчо Нагузич! Доколку се погледнат профилите на Костантин Георгиески на социјалните мрежи Фејсбук и Истаграм, од се заклучува само еден загрижувачки факт, а тоа е дека Георгиески има мал број на лајкови на своите постови, а уште помалку споделување на неговите објави од неговите партиски другарчиња?! Дали членството свесно го бојкотира Константин Георгиески во знак на незадоволство од неговото работење или во прашање е неговиот „Лимун табиет“, ароганцијата и непристапноста до него која ја манифестира Георгиески од самиот почеток на неговиот мандат, секако дека претставуваат додатен одбоен елемнет да се даде гласот за Константин Георгиески. Од друга страна во последните две години општинската администрација во Охрид  поставена на начин на залутано стадо овци, никој ништо не работи, земање на плати и не појавување на работно место две години, сумнителни договори за работна ангажираност на лица кој ниту еден ден не се појавиле на работно место и слично, допиринесува за намелениот рејтинг на Гергиески кај граѓаните на Охрид, кој од ден на ден незадоволството расте и е се поголемо.

Додека Наумче Јованоски -Чакарче ужива на сплавовите на АДА Циганлија во Београд во друштво на преубави старлети, членството на СДСМ и Константин Герогиески мака мачат да добијат доверба.

Продолжува

Сашо Денесовски OHRID SKY



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.