Македонија

Героски: Заев носи товар во овие преговори за ново парламентарно мнозинство поради лошиот однос кон ДУИ во предизборната кампања

Во денешното издание на дебатната емисија “Само вистина” гостуваше новинарот Бранко Героски кој се осврна на моменталната политичка ситуација, преговорите за ново парламентарно мнозинство, како и на можните коалициони комбинаторики.

Македонија

Заболени
17,629
+146
Мртви
725
+3
Излечени
14,581
Активни
2,323
Last updated: 27/09/2020 - 20:41 (+02:00)

Героски потенцираше дека Зоран Заев во предизборната кампања на неколку наврати зборуваше против Албанците во Македонија, односно водеше кампања со реторика преку која го напаѓаше ДУИ и му се закануваше со опозиција.

Героски: Заев носи товар во овие преговори за ново парламентарно мнозинство поради лошиот однос кон ДУИ во предизборната кампања

Зоран Заев носи товар во овие преговори за ново парламентарно мнозинство, токму поради лошиот однос кон ДУИ во предизборната кампања. Многу пати и јавно му се закани на Али Ахмети дека нема да биде во Владата, односно дека следат години во опозиција за ДУИ. Дали Али Ахмети ќе помине преку тоа и дали албанскиот народ ќе ги заборави тие навреди, останува да покаже времето, вели Героски.

СДСМ иако во неколку наврати соопшти дека е договорена нова коалиција, односно е обезбедено ново парламентарно мнозинство, сепак голем број факти говорат дека има потешкотии во договарањето, односно дека не оди се како подмачкано. Овој пат формирањето на ново парламентарно мнозинство ќе оди тешко, односно до последен момент отворени ќе бидат сите комбинации, заврши Героски.

loading...

Поврзани вести

Back to top button

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker