Живот

ГЕРО: Ебеш врабец во лет – сите неочекувани проблеми ќе се решат.

Branko Geroski

Врабецот да ти бил чудно животинче. Доцна разбрав…
Соевремено, пред да спасам еден таков џивџан од сигурна смрт и од заборав, не бев свесен дека ја правам истата грашка што ја направиле Американците кон крајот на 19 век, кога во големите градови масовно носеле врапци, со надеж дека ќе ги уништат разните штетници (инсекти), за потоа да сфатат дека самите создале популација на уште поголеми штетници.
Јеби га, така е тоа кога ја потцениш науката…
Јас кога со оживував тој џивџанот за кој ви расправам, не знаев за грдата навика на врапците да градат мали и неуредни гнезда каде што ќе стасаат, не само во природата туку и во зградите, во дрвата и буквално насекаде. Не знаев дека бескруполозно заземаат гнезда на други птици. И секако, немав поим дека онаа стара поговорка „подобро врабец во рака отколку гулаб на гранка“ е од удбашки происход, односно дека прецизно се знаело во чии раце бил џивџанот и зошто сега чрчори и сере на се што е македонско.
Е сега, задоцнето, малку се образував. Го проучив дури и Соновинкот во делот кој се однесува на врапците. Многу е поучен и забавен.
Вели, на пример, дека ако сонувате дека храните врабец, љубовта ќе ви биде возвратена. Овие будаливе што го хранат Врабецот веруваат дека љубовта ќе им се возврати. Ако фатите врабец, ќе се здобиете со нови познаници. Хахахаха! Е ова сигурно. Можеби вие и нема да ги познаете и дури и да ги видите, ама тие ќе ве знаат вас. Ако чуете цврчење на врапци, ќе ги откриете вашите најинтимни тајни. Хехехехехе! Веќе се откриени, друзја!
Ај уште малку од соновникот. Врабец во лет – некој ќе ви даде лажни ветувања. Ова се оствари. Нели ви даде бе, шапшали едни! Јато од врапци – ви претстои неочекуван проблем. И во тоа се уверивте.
Има уште една клучна соновна слика. Ебеш врабец во лет – сите неочекувани проблеми ќе се решат. Како да не постоеле. Или, како што велеше јасновидката Сабина, нека документа ќе да се среде!
Тоа е. Па ви видите сада шта вам је чинит!
Но, бидете внимателни. Секој удбашки Врабец сонува да биде Орел.

Македонија

Заболени
55,127
Мртви
1,546
Излечени
32,894
Активни
20,687
Last updated: 24/11/2020 - 15:26 (+01:00)
loading...

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.