СветТоп3

Германците потврдија дека обвинетиот за тероризам е син на д-р Жан Митрев и дека потекнувал од угледно семејство

Групата од три момчиња, која ја водел Филан, беше уапсена во ноември 2019 во обид да извршат напад во кој би убиле што повеќе „неверници“. Германските медиуми го користат примерот како доказ дека жртви на радикалните групи не се само млади кои потекнуваат од сиромашни семејств, пренесува 360 степени.

Германците потврдија дека обвинетиот за тероризам е син на д-р Жан Митрев и дека потекнувал од угледно семејство

Започна судскиот процес во Франкфурт во кој обвинет за тероризам е германскиот државјанин Ф.М. инаку родум од Македонија. Вака изминатава недела почнаа да известуваат дел од германските медиуми за случајот во кој минатата година, во ноември, уапсени беа три лица на возраст од 24, 22 и 21 година од кои останатите двајца биле од Турција.

Веста за акцијата на германската полиција беше пренесена своевремено и од македонските медиуми, но не привлече големо внимание во јавноста. Сега, десет месеци подоцна, оваа вест добива нов агол откако германските медиуми објавија дека организаторот на нападот што требало да се случи во Франкфурт, Филан Митрев, потекнува од угледни родители, а неговиот татко е сопственик на приватна Клиника за кардиохирургија во Македонија.

Информација брзо се прошири по социјалните мрежи, каде се споделени и повеќе фотографии од кои може да се заклучи дека таткото на Филан е д-р Жан Митрев, еден од најпочитуваните лекари кај нас. Објаснувањето е дека Филан е дете на Жан од првиот брак, а нивната врска на социјалните мрежи се „докажуваше“ со објави на кои се гледа осомниченото момче фотографирано заедно со д-р Митрев, а под фотографијата стои опис – „фамилија“., пишува 360 степени.

„360 степени“ се јави во службата за односи со јавност на д-р Жан Митрев, но коментар до овој момент не добивме, иако ни беше најавено дека дополнително ќе бидеме контактирани.

Ја сменил верата, па сакал да убива „неверници“

Според обвинителството во Франкфурт, Филан Митрев и двајца турски државјани подготвувале напад со домашно направени бомби, за кои веќе имале набавено експлозив. Според германските власти, нападот требало да биде изведен како поддршка на ИСИС. Планирано било да се нападне локален бар и да убијат што повеќе „неверници“.

Во обвинителниот акт се вели дека, Филан Митрев е обвинет за сериозен чин на насилство што ја загрозува државата, за кршење на Законот за воено оружје и за напад. Сега веќе 25-годишното момче е обвинето и за подготовка на самоубиствен напад кој планирал да го изврши врз паб во Заксенхаузен.

Судскиот процес кој започна на 2 септември годинава во регионалниот суд во Франкфурт е детално опишан од страна на германскиот локален медиум „Франкфуртер Рундшо“.

Според медиумот, нападот пропаднал бидејќи пред да биде извршен, Филан М. (како што го идентификува медиумот) соопштил за тоа и на социјалните мрежи. Во обвинението се додава дека тој се обидел да купи митралез и муниција преку нелегални интернет канали.

„Осомничениот влезе во судницата облечен според салафистички бизнис дрес-код. Со сива јакна, бела маица, долга и бујна брада која не може да ја покрие ниту една заштитна маска. Носеше црни панаталони и кожни обувки. Сликата ја заокружуваа металик-сребрените лисици. Филан М. ваква мода може да си дозволи, бидејќи неговиот татко е сопственик на клиника за кардиохирургија“,

се вели во текстот на „Франкфуртер Рундшо“.

Филан пред неколку години ја променил својата вера и преминал во ислам, а германскиот медиум сега го опишува, како радикален исламист припадник на салафисти-џихадисти.

Таткото се обидувал да врати на прав пат

Тие пишуваат дека таткото на Филан М. подолго време се обидувал да му помогне на својот син да излезе на правиот животен пат, затоа и му помагал финансиски да учи во неколку приватни училишта, но Филан ги напуштал. На судењето било споменато дека тој месечно добивал по 1 000 евра од својот татко, бидејќи ги побарал за да изнајми трафика за работа, но на прашањето на што ги трошел парите Филан не дал одговор.

Целиот тескст на 360 степени можете да го прочитате ТУКА.

Македонија

Заболени
17,977
Мртви
739
Излечени
14,959
Активни
2,279
Last updated: 01/10/2020 - 06:26 (+02:00)
loading...

Поврзани вести

Back to top button

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker