Македонија

Герет за иднината на Македонија: Жена премиер, решение на спорот со името, па влез во ЕУ

garet-2017

Британската амбасада во Скопје преку социјалната мрежа „Фејсбук“ почна кампања „Македонија 2027“, преку која сака да слушне од граѓаните каде ја гледаат земјата за десет години, пренесе Мета.

Свој поглед на иднината на Македонија, прв даде британскиот амбасадор, Чарлс Гарет, кој предвидувањата ги претстави преку личниот дневник, напишан на 26 август 2027 година.

Гарет, таму предвидува дека во 2027 година, Македонија: ќе има жена премиер, ќе биде една од економски најперспективните земји во регионот, судскиот систем ќе биде целосно независен, ќе се почитува владеењето на правото, во 2020 година ќе го реши спорот за името со Грција, ќе стане дел од Европската Унија и од НАТО.

-Неверојатниот напредок во последните десет години доаѓа од посветеноста и од обврските што ги презеде владата која победи на изборите во декември 2016 година. Тие избори, според политичките лидери, беа првиот чекор за излез од кризата. Новата влада ја зграби можноста со својот визионерски план, насловен „Македонија: Национална стратегија за сите наши граѓани- стои во записот на Гарет од иднината.



Македонија

Заболени
0
Мртви
0
Излечени
0
Активни
0
Last updated: 19/10/2021 - 04:16 (+02:00)

Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.