Свет

Газел икона од Богородица: На пејачот му се заканува затвор за богохулење – собира донации за одбрана (ФОТО)

Тие не ја разбираат неговата уметност, вели тој

Адам Нергал Дарски, пејач кој е во конфликт со полските власти поради фотографијата на која ја гази иконата на Богородица, ја започна кампањата GoFundMe за правна одбрана.

Тој се жалеше на осудата за навреда на верските чувства според полските закони за богохулство. Во својата кампања, Адам апелираше за донации за други уметници во Полска обвинети за богохулење, пренесува Би-Би-Си.

„Повеќе од десет години бев прогонуван од полското правосудство. Времето на капитулација помина“, напиша фронтменот на блек метал групата „Behemoth“ на својот профил на Твитер.

Музичарот ги обвини полските политичари дека се обидуваат да ја уништат неговата кариера и дека го цензурираат секој што не ги почитува архаичните религиозни закони на нивната земја со обвинувања за богохулство.

Нергал додаде дека тие „влечат уметници“ во судница и прават значителни трошоци, додавајќи дека донациите ќе им помогнат да „возвратат“. Кампањата беше започната пред пет дена, а веќе се собрани скоро 24.000 фунти.

Неговата последна пресуда се однесува на фотографија на која гази фотографија од Иконаод Богородица, која ја објави на Фејсбук во септември 2019. Тој беше казнет,​​казната што треба да ја плати е 3.340 евра, но тој се жалеше на пресудата. Тој исто така се соочува со двегодишна затворска казна.

Ваквите случаи не се невообичаени во Полска. Самиот Дарски се соочувал со бројни тужби во изминатите 13 години за наводно навредување на религиозни чувства со кинење на Библијата, палење крст на сцената или пишување песна за пофалби за убијците на владиката Адалберт, заштитникот на Полска.

Фото: Youtube/screenshoot



Македонија

Заболени
146,733
+824
Мртви
4,419
+31
Излечени
122,121
Активни
20,193
Last updated: 18/04/2021 - 01:56 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.