ТОПЦрна Хроника

Габриел Бајрам, синот на Амди, оди во притвор во затворот во Шутка

Осум дена притвор му се изречени на Габриел Бајрам. Тој и неговиот син се гонат за кривично дело насилство. Судот смета дека сомневањето на Обвинителството дека Бајрам, син на покојниот пратеник Амди Бајрам е основано, па тој ќе биде однесен во истражниот затвор “Скопје” во Шутка.

Двајцата осомничени, Габриел Бајрам и син му, завчера, во угостителски објект на булеварот „Словенија“ во Скопје, додека биле на семејна роденденска прослава, извршиле грубо насилство врз едно лице.

 

 

“Оштетениот одбил на еден од присутните гости на прославата да му даде чинии за кршење. Во тој момент, осомничениот се упатил кон шанкот и со рака замавнал кон шишињата и чашите, фрлајќи ги кон лицето на оштетениот. Оштетениот успеал да се заштити со рацете, по што осомничениот започнал да го удира со боксови во пределот на главата. Кон ударите се придружил и неговиот син, а за цело време двајцата осомничени упатувале пцовки и закани кон нападнатото лице. Оштетениот се здобил со телесни повреди по главата и телото, додека насилството предизвикало чувство на несигурност, загрозување и страв кај други присутни сведоци на настанот”, посочи Обвинителството.

Габриел Бајрам и претходно се судираше со законот. По него имаше и локална потерница, откако не се појави во полициска станица да даде исказ за копањето криптовалути, во подруми во ГТЦ, каде сметката ја плаќале сите дуќанџии. Тој пред две години направи и сообраќајка во Скопје, па ги напднал луѓето кои биле сведоци.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.