Црна Хроника

ГАБРИЕЛ БАЈРАМ ПОВРЕДИЛ ШАНКЕР И ИСПОКРШИЛ ДЕЛ ОД ИНВЕНТАРОТ ВО СКОПЈЕ

Рано утрово во полициската станица Чаир Г.Е. (27) од Скопје пријавил дека на 28 јули во 23,20 часот како шанкер во угостителскиот објект Аквадукт на булеварот „Словенија“ во Скопје бил физички нападнат од Г.Б. и В.Б., кои потоа оштетиле дел од инвентарот, соопшти МВР.

МКД.мк дознава дека се работи за Габриел Бајрам, советник во Град Скопје, кој без повод и причина ги турнал чашите од шанкот по што Газменд Елези добил посекотини, а потоа и физички бил нападнат Бајрам и неговиот брат Валентин. По ова двајцата влегле во салата со гости каде продолжиле со насилството и почнале да го кршат инвентарот, маси, столици, чаши, чинии…

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.