Колумни

Фросина Ременски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ

Поранешната министерка Фросина Ременски денеска објави дека поднесува кандидатура за претседател на СДСМ.

-Ги предадов сите документи за самокандидирање за претседател на СДСМ. Очекувам во следниот период, согласно роковникот, да се утврдат кандидатите, со што би почнале активностите за претставување на кандидатите пред членовите, активистите и симпатизерите на СДСМ, изјави Ременски пред партиското седиште.

Вели дека одлуката ја донела врз основа на нејзиниот целокупен општествено-политички и партиски активизам.

Денеска и Димитар Ковачевски најави дека официјално ќе ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ во партиското седиште.

Партијата ги повика сите заинтерсирани да се самокандидираат, а постапката започна на 27.11.2021 и ќе трае седум дена.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.