Фрчко амбасадор во САД? Да не е ова некоја шега? Скандал до скандал низ животот. Од пријавувањето за научни трудови на неговите настапи на мртв кога се кандидирал за професор на правен факултет, нерасветлен атентат на претседател на држава во време кога е министер, лустриран од комисијата за лустрација, афери со тепање на поранешната сопруга и влечење за коса на жени по улица, бомби во кои се гледа како нарачува и диктира теми на уредници на медиуми, пропаднат политичар и лузер, до возење најскапи џипови уште додека беше професор на државниот универзитет со плата од не повеќе од 50 илјади денари. Па само потсети се на уличниот вокабулар кој го користи… Да не редаме се, оти цел ферман треба да напишам. Човекот е антипод на човек со правилни човечки вредности, достоинство и чесност. Лош пример за сите во македонското општество.
Значи треба да си ваков за да станеш амбасадор во Америка!? И СДСМ утре ќе ми бара глас со приказната дека имале квалитетна кадровска политика? Ова е мајтапење со народот!



Македонија
Заболени
101,214
+582
Мртви
3,111
+13
Излечени
90,685
Активни
7,418
Last updated: 25/02/2021 - 19:41 (+01:00)