ЗабаваКолумниТоп1

ФРАПАНТНО: ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ НАЈ БОГАТИОТ ЧОВЕК ВО СЕВЕРОИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА

ретро

Куманово, Крива Паланка, Кратово, апсолутно финансиски се во рацете (џебот) на Љупчо Николовски. Релативно млад, од обично Кривопаланечко момче, кое растело со 100 денари дневно, колку за тост и лимунада, со влегувањето во политичките води, за многу кратко време стана ТАЈКУН, на кој може да му подзавидат повеќе транзициски олигарски од овој крај! За Љупчо Николовски, луѓе од типот на Љубисав Иванов Ѕинго, Драган Даравелски, Драган Митевски МитКомерц, Арсенчо Алексовски Попот, Среќко Маневски… се ,,мали деца”. Од добро упатени извори, се проценува дека Недвижнините и кешот на Љупчо Николовски изнесуваат неверојатни 27 милиони евра!
Почетоците на богатењето на Љупчо се од времето на договарањето на коалиција со ДУИ и формирање на Влада, како и криминалниот и неуставен избор на Талат Џафери за Претседател на Собранието,за што Љупчо има инкасирано 1,7 милиони евра. За промена на уставното име на Република Македонија, за кое предавство Љупчо е еден од главните актери, преговарачи, договарачи и реализатори, Љупчо се има збогатено за 5 милиони евра, од странски ,,донатори”, поврзани со грчката Влада и тајни странски служби.
За прифаќање на постулатите од Тиранската Платформа и нејзина имплементација, пред се воведување на двојазичност, од таен фонд на Албанската дијаспора има земено 2 милиони евра. Од аферата ,,Кики и Фрики”, поради која падна тогашниот Генерелен Секретар на СДСМ Кирацовски, а од што најмногу доби токму Љупчо, кој заедно ,,лапал” со Кирац, но го уцени да молчи, а за возврат не го уапсија! Сепак тука Љупчо има лапнато повеќе од милион евра! Од мега аферата РЕКЕТ, од ,,колачот” зграбен од рекетираните и уценувани бизнисмени и политичари, Љупчо добил од Заев 1,8 милиони евра. На платен список е на Бугарските тајни служби за политичко влијание за отстапки во преговорите со Бугарија, на штета на Македонските преговарачки позиции и интереси. Љупчо Николовски е неформален сопственик на Рудникот Бентомак, Пелетарата Еко Лајф, Градежна фирма во Словенија, Фирма за производство на Марихуана во Струмица, Хотел во Дојран, повеќе станови во Скопје и уште многу други недвижнини!
Со еден збор СТРАШНО! Ова може само во Држави како нашата, во која прогонот од органите е селективен, обвинителството контролирано од власта, а судството корумпирано! Замислете, колку ли има инкасирано Зоран Заев, кога потрчко од типот на Љупчо дошол до вакво богатство?!?!?!


Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.