Некатегоризирано

(Фото+Видео) Вака денес изгледа пејачот на хитот „Васко жабата“: По 9 години на забава ја изведе познатата песна, сите во транс

Веќе со недели бугарската песна „Васко жабата“ е хит на социјалните мрежи во Македонија.

Песната е лесна за слушање, привлечна, а многумина велат дека со денови не можат да ја извадат од глава.

Оваа песна е објавена во 2013 година, но благодарение на Македонија дури сега стана хит. И не само кај нас.

Очигледно е дека и Бугарите сфатија какво богатство поседуваат, па овој хит се повеќе се бара на настапите на оркестарот Камчија, кој исто така го изведува.

Сите се прашуваат како изгледаат членовите на овој бенд денес, а особено пејачот. На социјалните мрежи сега кружи снимка од забава на која свири оркестар, а во преден план е изведувачот.

Во споредба со видеото старо девет години, тој е многу променет и избледен. Кога ја отпеа „Васка забата“ настана хаос и публиката скандираше и играше.

facebook


Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.