СветСекс

(Фото) Саманта Фокс се венчаше со својата девојка

Можно е да е слика од 2 луѓе и текст

Саманта Фокс и нејзината партнерка Линда Олсен се венчаа во Есекс. Првите папарацо фотографии веќе се раширија по социјалните мрежи. Фокс и Олсен требаше да се венчаат уште во 2020 година, но поради ситуацијата со коронавирусот, тие го одложија настанот.

Линда ја најави венчавката уште пред месец дена кога објави фотографија на која позира во салон со венчаница.

„Се ближи нашиот голем ден“, рече Линда и доби голем број честитки и убави коментари.

„Изгледаш преубаво. Едвај чекам да се венчате. Многу сум возбудена. Конечно, честитки. Ќе бидеш најубавата нејвеста“, ѝ напишале некои од нив.

 

За потсетување, Фокс од 2016 година е во врска со Лиса која е со потекло од Норвешка. Таа има веќе два сина и не сака многу да се експинира во медиумите. Рече дека ѝ е драго што не е како Фокс во шоубизнисот. Двете се свршија во март 2020 година.

Саманта беше позната во осумдесетите години по својата музика, но и сексипил и имаше голем број на обожаватели. Беше една од најпосакуваните жени во светот.

Кариерата ја почна на 16 години. На почетокот беше модел, а во 1986 година ја почна музичката кариера. Читателите на еден британски таблоид во 2006 година ја прогласија за најдобра девојка од дуплерка на сите времиња.

За „Плејбој“ се сликаше во 1996 година и не крие дека повторно би го направила тоа и денес. Таа сака да им докаже на жените дека нема ништо лошо во стареењето.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.