Некатегоризирано

(ФОТО) Охрид за Илинден преполн со туристи, но и со ѓубре: Фрлај народе и онака се е платено

Вие како во скечевите на цацко парите ни ги сакате, ама не и ѓубрето

Фотографија на Ljupco Grdanoski.

Високите температури, продолжениот викенд и затворените граници со соседни држави ги наполни сместувачките капацитети во Охрид. Охриѓани на социјалните мрежи сведочат дека градот е веќе полн и го живее врвот на оваа сезона.  Дел од граѓаните овој викенд летуваат на сопствена сметка, но дел ги користат бенифициите преку ваучерите за домашен туризам кои ги додели државата.

Фотографија на Ljupco Grdanoski.

На социјалните мрежи утрово беа објавени фотографии на кои се гледа дека Охрид тоне во смет. Градските јавни претпријатија утрово се обидуваат да ја вратат во нормала состојбата и да го исчистат град од заостанатиот смет по улиците.

Добро утро Охрид!, напиша на својот фејсбук профил Љупчо Грданоски, директор на Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ кој секојдневно е во обиколка на градот со дежурните екипи кои го собираат сметот и општиот хаос кој зад себе го остваат несовесните туристи.

Слично било и претходно. Но се чини годинава вандализмот, нехигиената и некултурата од страна на туристите го достигна врвот. Коментарите на охриѓани се доволен доказ што му се случува на Охрид во ова Ковид време.

Македонија

Заболени
27,199
+245
Мртви
934
+15
Излечени
18,948
Активни
7,317
Last updated: 26/10/2020 - 19:56 (+01:00)
loading...

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.