ЗабаваТОП

(Фото) Некој во Влада има смисла за „xyмop“: Кафеански хармоникаш и тешка пијандура седна во директорската фотелја на РЕК Битола

Можно е да е слика од 1 лице и текст кој вели „ново OPO електрично коло Dallape пеце матески директор на рек битола“

На седница на Управниот одбор на АД ЕСМ донесена е одлука за кадровски промени во РЕК Битола и во РЕК Осломеј, па така разрешен е директорот на РЕК Битола, Златко Ќурчиевски, и на негово место за в.д. директор е назначен Пеце Матевски, досегашен директор на Термоелектрана.

Во РЕК Осломеј разрешен е директорот Златко Пиперкоски и на негово место за в.д. директор е назначен Стојан Мицкоски, досегашен технички директор во Рудници.

Според достапните информации, новиот директор на РЕК Битола, Пеце Матески, во компанијата е вработен од пред околу две-три години. Пред само неколку месеци, пак, е поставен за директор на Термоелектраната, што случајно или не се совпаѓа со периодот кога се случија и најголемите хаварии во Комбинатот.

Инаку од претходно, меѓу сограѓаните и колегите Матевски бил познат како продавач на мастики „Airwaves“ по продавниците низ Битола.

Битолчани, исто така, велат дека дотолку е деградирачки за самиот РЕК Битола и фактот дека Матески има своја музичка група со која свири по свадби. Оттаму, според нашите соговорници, во РЕК-от со неверување и смеа е дочекана веста дека „Пеце свирачот“, како што е прекарот по кој го препознаваат битолчани, станал директор на Комбинатот.

 

 



Македонија

Заболени
216,328
+333
Мртви
7,609
+17
Излечени
200,669
Активни
8,050
Last updated: 02/12/2021 - 22:00 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.