ЗабаваСексСпорт

ФОТО: Македонската фудбалерка со својата објава ги остави без здив следбениците

Македонскиот фудбал ги живее најубавите години од своето постоење, историски настапи на Европско првенство, баражи за светско и успешни настапи на сите натпревари.

За разлика од машкиот фудбалски колектив, женскиот не може да се пофали со такви успеси и за жал живее доста тешки времиња.

Квалитетот најпрво почнувајќи од нашата лига е на многу ниско ниво, па тие што се одвојвуаат решаваат во туѓина да градат кариера.

На последните десет натпревари нашата репрезентација има забележано само една победа и тоа против Латвија на гости од 1-4.

Додека останатите натпревари ги загуби и тоа убедливо и со многу лоша гол разлика. Една од фудбалерките која е дел од оваа репрезентација е и Јулија Живиќ.

,,Една од најубавите фудбалерки во Европа настапува во Хрватска” вака стои насловот на соседниот медиум ,,Мондо” кој ја пишува сторијата за нашата репрезентативка.

Девојката која сезонава најдобро се снаоѓа по десната страна на теренот е член на Ријека а вниманието го сврте кон себе со добрите игри за тој клуб и атрактивен изглед.

Тоа може да се види и на нејзиниот Инстаграм каде често позира во опремата на репрезентацијата, но и како модел на одредени брендови.

Таа во последните денови се најде и во центарот на вниманието на хрватската јавност, која во интервју за тамошните медиуми зборуваше за нејзиниот трансфер во хрватскиот фудбал и за навикнување на нов начин на живот.

Јулија беше клучно засилување на Ријека за првата женска фудбалска лига во Хрватска, а сезоната беше исклучително успешна бидејќи рано обезбедија опстанок во лигата.

Таа во клубот пристигна заедно со сонародничката Даниела Велеска, а двете ги држеа крилата на хрватскиот клуб под своја команда во текот на целата сезона.

Покрај професионалната фудбалска кариера, Јулија успева да се посвети и на образованието, па на нејзиниот Инстаграм профил може да најдете информации дека студира на Славјанскиот универзитет во Свети Николе.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.