Балкан

(Фото) Kристијан Голубовиќ летува во Охрид, а најде време и да го посети гробот на уште еден криминалец

Еден од оние кои летово одморот реши да го помине во Охрид е и добро познатиот српски криминалец, ѕвезда на реалните шоуа во соседството и поранешен член на Земунскиот клан Kристијан Голубовиќ.

Голубовиќ летувал во Охрид со својата девојка Кристина Спалевиќ.

Кристијан и Кристина на своите профил на Инстаграм споделуваат фотографии и видеа од тоа како си поминуваат во Охрид.

Пред некој ден особено внимание со фотографија привлече Кристијан, кој на бензинска пумпа позира покрај автомобил кој изгледа доста ретко и притоа напиша: Со овој мој кpш доаѓам во Македонија.

На еден од многуте официјални и неофицијални профили на Голубовиќ на Инстаграм, објавена е и фотографија на која положува свежо цвеќе на гробот на командантот на расфромираната единица за брза интервенција „Лавови“ Горан Георгиевски Мујо.

За Кристина вели дека неговата сродна душа.

Кристина и јас на сите им покажавме колку е голема нашата љубов. Кога излеговме од реалното шоу сите зборуваа дека ни три дена нема да сме заедно, а еве сега речиси една година. Кристина е мојата сродна душа. Ние во се согласуваме и затоа верувам дека бракот ќе ни преубав. Свршувачката е само формалност бидејќи ние се однесуваме како да сме во брак. Живееме заедно, интимните односи ни се супер, верувајте ми ништо не би менувал, изјави во една пригода Кристијан.

Кристина, пак, тврди дека не ни сонувала дека ќе влезе во врска со некој како Голубовиќ.

Kристијан и ја сме спој на неспоивото, а повторно во се согласуваме. Се случуваат такви работи. Одамна зборувавме дека може да се замислиме во брак и со деца, а сега верувам дека таа ситуација полека се исполнува. Ретко јавно зборуваме за плановите, но ова се убави случувања, па зошто да не ги споделиме за празниците, вели Кристина.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.