Живот

(Фото) Илина му се врати на Игор од Еквадор, па тој ја однесе во кафеана во Штип да јаде свиња

Откако алпинистката и сликарка Илина Арсова се врати од долгото патување во Еквадор, таа и нејзиниот дечко, актерот и шоумен Игор Џамбазов се неразделни. Тие постојано споделуваат заеднички моменти на социјалните мрежи.

Овој пат, Илина сподели една кафеанска фотографија, откако претходно, таа беше на концертот на Џамбазов во Штип со актерот Владимир Тулев и неговата сопруга.

За потсетување, Илина пред три месеци замина на Еквадор каде го искачи еден од највисоките активни вулкани Котопакси, а потоа замина во Грција каде се дружеше со мигрантите. А Игор неколку пати објави на Инстаграм колку му недостига.

Парот се запозна во 2015 година, а врската ја почнаа лани за време на карантинот. Оттогаш постојано се активни на социјалните мрежи.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.