ЖивотЗанимливости

(Фото) Автомобил со македонски таблички падна в море во Неа Каликратија, нема повредени, заборавиле да кренат рачна при паркирање

Автомобил со скопски регистарски таблички падна в море во Неа Каликратија, Грција.

На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од автомобилот, кој за среќа бил празен и во несреќата нема повредени.

Се апелира туристите да внимаваат каде и како паркираат и задолжително да користат рачна кочница кога паркираат на угорнини.

„Предупредување!! Би сакал да го привлечете вниманието на вашите следбеници на паркирање на угорнина. Задолжително рачно, задолжителна брзина и правилно тркалање на тркалата. За жал денеска во Неа Каликратија се случи несреќа кога паркиран автомобил слета во морето. За среќа никој немаше во автомобилот. Туристите се од Македонија, скопски таблички“ се вели во апелот на социјалните мрежи.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.