МакедонијаТОП

Фирми основани од Ковачевски свртеле 26 милиони евра во енергетскиот бизнис!

ВМРО-ДПМНЕ

Фирми основани од Димитар Ковачевски и негови семејни врски вртат милионски суми во енергетскиот бизнис, и тоа додека Македонија е на колена, а народот осиромашен се бори секој ден да преживее, рече денеска на прес конференција Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ при откривање на, како што ја нарекоа, аферата „Броило“.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Пиксел груп – фирма основа од Ковачевски и неговиот кум Горан Паунов, заедно со фирмата КМГ ЕОЛ Квазар, фирма само на кумот Паунов, се вмешани во бизниси во вредност од 26 милиони евра.

„Во Соларниот Картел, Ковачевски и неговиот кум Паунов, по основањето на Пиксел груп, во 2018 година градат фабрика за производство на фотоволтаични панели во Кочани.

Еве доказ за тоа – фотографија од отворањето на фабриката, на која се гледа како кумовите Ковачевски – Паунов прославуваат свечено отворање на фирмата со торта.

Фирмата станува централна во бизнисот, околу која се вртат 26 милиони евра.  Аферата БРОИЛО е шема која покажува како преку Пиксел груп и фирмата КМГ ЕОЛ Квазар Соларниот Картел ги свртеле парите.

Само од државни тендери во изминативе неколку години овие фирми инкасирале 1.8 милиони евра.

Во 2021 година, кога Димитар Ковачевски е заменик министер за финансии, КМГ ЕОЛ Квазар склучува договор со ЕВН, врз која сега Ковачевски како премиер има мандатна сопственост преку државниот удел во ЕВН, и тоа договор за изведба на работи и испорака на фотоволтаични панели, во вредност од над 2 милиони евра.

Аферата броило зазема димензии од десетици милиони евра, кога пред месец и половина, Пиксел груп најави дека влегува во фаза на инвестиција во фабрика за производство на соларни панели во индустриската зона во Тетово, во вредност од 54 милиони евра. Ова е зона во која инвеститорите имаат даночни и царински ослободувања, а според написите во медиумите се очекува да потпишаат и договор за државна помош.

Фирмата е регистрирана под името АЕ Солар АД Тетово, како заедничка на Пиксел груп која поседува 40%, и 60% поседува фирма од Бугарија. Горанчо Паунов, кумот на премиерот Димитар Ковачевски веќе е поставен како еден од двајцата извршни директори на АЕ Солар АД Тетово. Инвестицијата на Пиксел груп треба да биде 21.6 милиони евра, соодветно на процентот на учество.

Со тоа, Ковачевски како премиер, ќе му потпише договор за државна помош, на кумот Горанчо Паунов како извршен директор на фирмата, во која 40% од сопственоста е на Пиксел груп, основана заедно со Ковачевски!“, рече Лефков.

Тој најави дека во наредниот период целосно ќе откријат како во аферата броило фирми блиски до Ковачевски стигнале да свртат 26 милиони евра.

-Го повикуваме Ковачевски да не чека да ги објавуваме деталите, веднаш да каже каква е неговата вмешаност во сите бизниси на овој соларен картел и веднаш да си поднесе оставка, рече Лефков.

Можно е да е слика од 2 луѓе, луѓе што стојат и текст



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.