Македонија

Филипче: Скопските училишта нема да добијат дозвола за настава во живо

Училишта со мал број на класови и ученици може да побараат дозвола да вршат настава во живо и за одделенијата над трето, но, ако, на пример училиште во Скопје аплицира за таква дозвола, ние нема да го дозволиме тоа, вели министерот за здравство, Венко Филипче, во неделното интервју на РСЕ.

Филипче вели дека сѐ уште има собирања на граѓаните без почитување на мерките за превенција.

Се уште има такви настани и се уште има мини кластери што се јавуваат од настани на кои луѓето не ги почитуваат превентивните мерки. Повторно се собираат, еве ги гледаме младите луѓе во угостителските објекти, на јавните површини, повторно семејни забавни, но има и еден процент од заболените кои кажуваат дека не знаат каде се заразиле, вели Филипче.

Според него, многу од очекувањата во врска со вирусот не се оствариле. Во однос на групирањата во Охрид, особено на младите, за малиот број на заразени влијаело тоа што групарањата биле надвор.

Очигледно дека имаме работа со вирус за кој се уште не знаеме сè. Може да дадам наше толкување, објаснување што е претпоставка зошто се случува тоа е дека сепак луѓето се повеќе надвор и контактите дури и таму кадешто има прекршување на превентивните мерки се случуваат во надворешна средина каде можноста да се трансверира вирусот е помала во однос на тоа кога луѓето се во затворена средина и оттука се нашите стравувања за есенските месеци кога сметаме дека таква поголема концентрација на луѓе во затворена просторија може да ја влоши епидемиолошката слика, вели Филипче.

Македонија

Заболени
30,488
+930
Мртви
982
+5
Излечени
20,448
Активни
9,058
Last updated: 31/10/2020 - 02:26 (+01:00)
loading...

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.