Македонија

Филипче: Шула Мина може да им се понуди на семејствата на здравствените работници за одмор, пациенти ќе сместуваме само во здравствени институции

Фотографија на Grupa Respekti.

Па нели имаше доволно крвни единици?
# Страшно

Фотографија на Aneta Shandeva Donevska.

Министерот за здравство Венко Филипче го контактирал сопственикот на поранешното одморалиште Шула Мина, Петар Богојески откако тој јавно ги понуди капацитетите за сместување на пациенти болни од Ковид. Филипче во изјава за „Фокус“ вели дека му предложил на Богојески да го понуди одморалиштето на семејствата на здравстените работници за одмор.

-Не можеме да сместуваме пациенти каде што нема медицински кадар, затоа само во здравствени институции, вели Филипче.

Од Министерството за здравство велат дека во моментов има доволно капацитети за да се згрижат сите пациенти со симптоми на Ковид.

-Во моментов Министерството за здравство има план за отварање на нови ковид центри на Клиниката за уво нос и грло и во дел од хируршките клиники каде за тоа има инфраструктура и кадар. Со тие капацитети и со постоечките 490 во Скопје, како и со креветите во Мала Богородица, во моментов има доволно капацитети да се згрижат сите пациенти со симтоми на ковид, велат од Министерството за „Фокус“.



Македонија

Заболени
91,161
Мртви
2,812
Излечени
79,621
Активни
8,728
Last updated: 27/01/2021 - 11:26 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.